Контакт

Македонија

Демократски сојуз: За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

Објавено пред

„Во пресрет на одбележување на 35 години независна Македонија се разви полемика, партиски расправи и пресметки за тоа, чија е заслугата или кој ги оспорува фактите на процесот на градење на современа македонска држава. Гледано од денешна перспектива, во деведесеттите години актуелните водства на повеќето политички партии имаа многу малку или воопшто немаа никакво влијание во процесите на осамостојување на државата“, велат од ДС.

„Тешкиот пат и товарот на раздвојување на Македонија од Југославија го понесоа тие што не се сликаа на бината на Градскиот плоштад во Скопје, туку со стратегија, планови и оружје, успеаја да се спротивстават на ЈНА и да ги удрат темелите на државата.

Беше тешко да се борите против водство на државата кое дел беше да се остане со Србија, преку наводна скратена Југославија, а дел тајно работеше Македонија да се приклучи кон Бугарија.

Македонците заедно со сите други граѓани и покрај опструкциите на референдумот за независност, цврсто и јасно ја искажаа вековната определба за самостојна и независна Македонија.

Сакаме да им честитаме на сите граѓани, но и на сите полицајци, оперативци, старешини и водството на Министерството за внатрешни работи, како и на припадници на армијата, кои направија сѐ процесот на осамостојување да се одвива брзо и да се заврши со историски успех.

Во ова време, на Македонија очајнички ѝ треба единство, а не поделби.

Затоа повикуваме на натпревар со идеи и конкретни дела за современа европска Македонија“, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.

Најново

Европа55 секунди

Зеленски: Русија денес нападна шест енергетски објекти; повредени се 33 лица

Русија денес нападна шест енергетски објекти во Украина, при што беа повредени 33 лица, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претходно...

Забава13 минути

Дали сакате да бидете задоволни од себе? Започнете со овие шест мали нешта

Понекогаш, доволно е да се почне со мали нешта. Нема да го промените начинот на кој гледате на себе преку...

Македонија23 минути

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

„Во пресрет на утрешната комисиска расправа за измените на Законот за животна средина, ДОМ повторно предупредува дека предложените законски решенија...

Македонија26 минути

Делови од општините Аеродром и Чучер Сандево утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09.00 до 14.00 часот,...

Македонија29 минути

Дел од општина Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, поради водоводен приклучок од ф150мм на улицата Дана Стуцки бр.18, прекинато водоснабдување...

Забава32 минути

(Фото/Видео) Запомнете го овој изглед: таа спои неспоиво и покажа зошто е кралица на храбрите модни комбинации

Пенелопе Круз важи за жена со стил и вкус, а речиси секоја нејзина модна комбинација раскажува уникатна приказна. Нејзиниот најнов...

Македонија51 минута

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава1 час

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија1 час

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...