Контакт

Македонија

Демократскиот сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат правда

Објавено пред

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција.

Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. Сегашниот доживотен мандат не обезбедува доволна одговорност, ниту пак ја зајакнува довербата на граѓаните во судскиот систем.

Исто така, ДС смета дека е неопходна промена на Уставот со која судиите ќе можат да подлежат на кривична одговорност за донесена судска одлука кога таа претставува резултат на злоупотреба на судиската функција, корупција или намерно кршење на законот. Независноста на судството не смее да биде злоупотребена како заштита од одговорност.

Во однос на финансирањето на судството, Демократски сојуз потсетува дека Македонија располага со ограничени буџетски средства. Платите и надоместоците на судиите треба да бидат во согласност со реалните можности на државниот буџет и со потребите за финансирање на другите важни јавни функции. Самостојниот судски буџет и независноста во финансирањето не значат оправдување за енормно високи плати, ниту за злоупотреба на прекувремена работа, дневници и различни бонуси.

Граѓаните очекуваат судството конечно да испорачува правда, а не арбитрарни условни казни за бизнис и политички моќници. Законот мора да важи еднакво за сите, а сторителите на тешки кривични дела и висока корупција да добиваат санкции што одговараат на тежината на делата.

Демократскиот сојуз очекува и Јавното обвинителство значително да ги засили истрагите, особено во предметите поврзани со високата корупција и организираниот криминал, и конечно да испорачува резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Демократскиот сојуз останува доследен на ставот дека без темелни и храбри реформи во судството нема владеење на правото, нема успешна борба против корупцијата и нема вистински напредок на Македонија кон членство во Европската Унија.

Најново

Регион1 час

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви....

Македонија2 часа

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна...

Забава2 часа

Три едноставни тестови откриваат дали доматот е навистина квалитетен

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја...

Македонија3 часа

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека...

Регион3 часа

Хотелиерите на Халкидики и Солун ќе ги сместат погодените од големиот пожар во Сивири

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак...

Топ3 часа

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни...

Свет4 часа

Унгарија итно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето...

Регион4 часа

(Видео) „Изгубивме сè“ – маж и жена од Сивири го изгубија домот во шумскиот пожар

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар...

Регион5 часа

(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија...