Македонија
Дежурни служби за здравствена заштита за време на претстојниот празник
Министерството за здравство ја информира јавноста дека за време на претстојниот празник и продолжен викенд се обезбедува континуирана здравствена заштита на граѓаните преку дежурства во здравствените домови и Службите за итна медицинска помош, како и преку организирани дежурства од матичните лекари.
Од Здравствен дом-Скопје информираат дека за празничните денови е обезбедена 24 часовна здравствена заштита на граѓаните преку осум дежурни пункта во: Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир, „Идадија“, „Бит Пазар“, Ченто, „Јане Сандански“ и Драчево, како и во службата на Итна медицинска помош, што е редовна воспоставена практика за сите неработни денови, во недела и државен празник.
Исто така, во сабота е организирано редовно дежурство на специјалистичката служба во поликлиника „Букурешт“ во периодот од 8 до 16 часот, каде ќе се вршат прегледи закажани преку МојТермин, додека за петок и понеделник нема закажано прегледи.
Инаку, во сите општини во државата се обезбедува 24 часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд:
Здравствен дом Штип-обезбедува континуирана здравствена заштита на населението во
Итната медицинска помош со покриеност од 24 часа.
Здравствен дом Велес-Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување има организирано 24 часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд.
Здравствен дом Куманово -дежурна служба (ноќна амбуланта) ќе работи од 08 до 24 часот, Итната медицинска помош – континуирано од 08 до 20 часот и од 20 до 08 часот, како и Домашна посета од 08 до 20 часот.
Здравствен дом Кочани – Итната медицинска помош за време на престојниот празник (сите денови од петок до понеделник) ќе пружа 24 часовна здравствена заштита со екипи од доктор, сестра и возач. Изготвени се распореди за подготвеност на екипи за повик, а во ноќните часови на располагање на Итната медицинска помош ќе биде обезбедена и дежурна служба при Здравствениот дом.
Здравствен дом Струмица – организирани се дежурства во амбулантата на Итна медицинска помош во Струмица и во Ново Село за пружење здравствена заштита на населението од општина Струмица , Василево Босилово и Ново Село.
Здравствен дом Гевгелија-организира здравствена заштита во Стар Дојран и тоа: од петок до понеделник во периодот од 09 до 21 часот во амбулантата која се наоѓа во Стар Дојран.
Здравствен дом Валандово- Службата за ИМП ќе функционира како и во другите денови, односно во текот на 24 часовно работно време (дежурство), и ќе бидат организирани дежурства по укажана потреба.
Здравствен дом Битола -организирана и континуирана здравствена заштита преку Службата за Итна медицинска помош, во смени од 8 часови, во тек на 24 часа.
Здравствен дом Прилеп – функционира Службата за Итна медицинска помош со 24 часовно работно време во тек на викенд и државни празници.
Здравствен дом Крушево-обезбедува континуирана здравствена заштита на населението во тек на 24 часа.
Здравствен до Ресен –обезбедува континуирана здравстевна заштита во сите денови во тек на 24 часа.
Здравствен дом Демир Хисар – Службата за итна медицинска помош ќе работи континуирано 24 часа.
Здравствен дом Кавадарци – Службата за Итна медицинска помош ќе работи 24 часа, како и амбулантата на ИМП, која функционира 24 часа во денот.
Здравствен дом Неготино-организирана континуирана здравствена заштита преку службата за Итна медицинска помош.
Здравствен дом Кратово – Службата за итна медицинска помош е организирана 24 часа, а по потреба се повикува наредната дежурна екипа.
Здравствен Дом Охрид за деновите на празникот и продолжениот викенд, својата работа ја организира преку Службата за итна медицинска помош и домашно лекување за што има обезбедено медицински екипи 24 часа дневно. Службата за итна стоматолошка помош работи секој ден од 20 часот до 7 часот наредниот ден.
дом Тетово-дежурна служба ќе работи од петок до недела, а во понеделнилник ќе работи итната медицинска помош и биохемиската лабораторија. Дежурна екипа ќе работи и во ургентната стоматологија.
Здравствен Дом-Дебар – организирани дежурства во Дебар и во Центар Жупа. Воедно работи и Службата за Итна медицинска помош. За време на празникот се реализираат 24 часовни дежурства во Здравствениот дом, Службата за итна медицинска помош и Дежурните служби во Дебар и Центар Жупа.
Здравствен дом Ростуше – во периодот од 7 до 15 часот сите служби ќе работат како и секој работен ден. Во понеделник (14 .04.) е организирано непрекинато 24 часовна дежурна служба во седиштето на Здравствениот дом, во село Ростуше, а по потреба ќе бидат вклучени и матични лекари со своите тимови.
Здравствена станица Липково – Дежурната служба е организирана со 4 тима во текот на 24 часа.
Здравствен дом Гостивар – Службата за Итна медицинска помош на територијата на општина Гостивар и општина Врапчиште со околните места се опфатени со 24 часовна здраствена заштита.
Здравствен дом Струга – обезбедува 24 часовна континуирана здравствена заштита за овој регион преку Службата за Итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом-Струга.
Здравствен дом Кичево-здравствената заштита на пациентите за време на празникот и продолжениот викенд ќе се спроведува во просториите на ИМП-Кичево во тек на 24 часа, освен во петок (10.04) кога се организирани дежурства од матични лекари од 08 до 20 часот.
Здравствен дом Вевчани-Службата за итна медицинска помош, во седиштето на установата во Вевчани, здравствената заштита ќе се одвива континуирано во текот на 24-часа секој ден. Во амбулантата во с.Лабуништа екипи од итната помош ќе работат од 13 часот по пладне до 24 часот на полноќ секој ден.
Здравствен дом Крива Паланка- организирани се 24 часовни дежурства во болничкиот одел, на Интерно и Хирургија со специјалист од соодветната специјалност. Службата за ИМП е организирано во 24 часовни дежурства. Покрај дежурства и сменска работа е изготвен и распоред за подготвеност на уште еден дежурен тим. Исто така, во сабота (11.04) ќе работат по 8 часа лабораторијата и рендген одделението.
Здравствен дом Берово – Службата за Итна медицинска помош ќе работи сменски со доволен број на екипи за време на празниците и продолжениот викенд.
Здравствен дом Радовиш има организирано дежурни екипи во Службата за Итна медицинска помош за време на продолжениот викенд и празник.
Здравствен дом Свети Николе за време на празниците и продолжениот виќенд ќе пружа здравствената заштита на населението континуирано 24 часа организирана од страна на ИМП,која работи во три смени. Во тимовите кои работат се вклучени: доктор, медицинска сестра,акушерка и возач. На 11.04.2015г.(сабота), покрај службата за ИМП, во здравствениот дом-Прва смена ќе работи и биохемиската лабараторија од 07,30 до 15,30 часот. Останатиот персонал е на повик, доколку има потреба од дополнителни ангажирања.
Здравствен дом Пробиштип-во Службата за итна медицинска помош е организирано 3 сменско работење за обезбедување 24 часовна здравствена заштита.
ДЕЖУРНИ АПТЕКИ
За време на претстојниот празник и продолжен викенд, на територијата на град Скопје ќе работат дежурните аптеки: „Зегин“-Буњаковец, „Еурофарм“-Тафталиџе, „Виола7“ – Тобако (Аеродром) и „Зегин“-МНТ, кои работат 24 часа. И во останатите градови во државата ќе работат дежурни екипи, согласно распоредот објавен на веб страната на Фондот за здравствено осигурување./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг
Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.
„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.
На противкандидатите им честиташе за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот кој е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.
Рече дека е горд на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.
„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоивме повеќе од 80.000 гласови. Регистриравме субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблираше на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите над 80.000 гласови. Искрено сум горд на секој тој еден глас што дојде, како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.
Порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој освои повеќе 100.000 гласови помалку од Гордана Сиљановска-Давкова.
„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.
Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.
Македонија
ДИК: Сиљановска Давкова освои 324 177, Пендаровски 161 393 гласа по обработени 89,97 отсто
Стево Пендаровски освои 161 393 гласа, 19,90 отсто, Гордана Сиљановска Давкова 324 177 односно 39,97 отсто од гласовите, Стевчо Јакимовски освои 7.499 односно 0,92 отсто од вкупниот број на гласовите.
Кандидатот Бујар Османи освои 110 903, односно 13, 68 отсто, Билјана Ванковска 35.949 односно 4,43 отсто од гласовите, Арбен Таравари 78.110 илјади односно 9,63 отсто, Максим Димитриевски 70,996, односно 8,75 отсто од гласовите се резултатите од обработените 89,97 отсто од гласовите, извести претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Тој додаде дека изборниот процес поминал мирно и достоинствено и смета дека 99 отсто работите поминале како што треба.
Македонија
Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови
„Влен“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, изјави Билал Касами на прес конференција.
„Добитници на овие избори сме ние, коалицијата „Влен“. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. „Влен“ ги доби гласовите на Албанците, вели Касами.
„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност, еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.
Тој се заблагодари на сите што го гласаа кандидатот Арбен Таравари и додаде дека ДУИ има изгубено гласови од помалите етнички заедници и од загрозените граѓани.
Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.