Контакт

Македонија

Дигитализацијата и демократските стандарди во фокусот на средбата меѓу Гаши и Варнес

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари работна средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, на која се разговараше за текот на законодавните процеси и зајакнувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

За време на средбата, претседателот Гаши ја информираше заменик-амбасадорката за ангажманот на Собранието во исполнувањето на приоритетите од процесот на пристапување во Европската Унија, нагласувајќи дека институцијата дејствува ефикасно во усвојувањето на законите поврзани со Реформската агенда. Тој подвлече дека приоритет на Собранието останува создавањето простор за квалитетна дебата и донесување закони во согласност со демократските стандарди.

Важна тема на разговорот беше и унапредувањето на процесите на дигитализација во Собранието, како предуслов за зголемување на функционалноста, транспарентноста и институционалната безбедност.

Исто така, се разговараше и за значењето на парламентарната дипломатија и зајакнувањето на соработката со меѓународните законодавни институции.

Претседателот Гаши изрази искрена благодарност за континуираната американска поддршка, потврдувајќи уште еднаш колку е важно стратешкото партнерство со САД. Од своја страна, Варнес ги оцени неговите напори за градење мостови на разбирање меѓу политичките субјекти и различните заедници во земјата.

На крајот од средбата, соговорниците повторно ја потврдија посветеноста за продолжување на блиската соработка во насока на зајакнување на демократијата, меритократијата и функционалните институции, како клучни вредности за иднината и демократскиот развој на земјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заврши реконструкцијата на една од главните сообраќајници во Кочани

Објавено пред

Од

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот, соопшти Министерството за транспорт.

Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“.

Паралелно со овие активности, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопјанецот кој запали дипломатски возила, со автобус стигнал до Центар, а бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада

Објавено пред

Од

Обвинителството предложи притвор за 44-годишниот скопјанец кој запали дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Против него е поведена постапка за кривично дело предизвикување општа опасност.

„На 15 јуни околу пладне, на булеварот ‘Митрополит Теодосиј Гологанов’ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот“, соопшти Обвинителството.

Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: До 18 часот регистрирани се 14 пожари на отворено

Објавено пред

Од

До 18 часот се регистрирани 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.

На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, пет пожари се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати.

Активни пожари:
• Општина Илинден – с. Мршевци (сува трева);
• Општина Босилово – с. Секирник (депонија);
• Општина Чашка – с. Војница (нискостеблеста деградирана шума и сува трева);
• Општина Кавадарци – с. Шивец (сува трева);
• Општина Штип – с. Долани .

Пожари под контрола:
• Општина Демир Хисар – градска депонија;
• Општина Кратово – с. Железница (депонија).
Изгаснати пожари:

• Општина Битола – кај Католичките гробишта (сува трева);
• Општина Прилеп – с. Мало Коњари (сува трева);
• Општина Прилеп – кај Средното училиште „Орде Чопела“ (ѓубре);
• Општина Теарце – с. Непроштено (нива);
• Општина Гостивар – с. Бањица (сува трева);
• Општина Гостивар – м.в. Јавор, населба Питарница (сува трева);
• Општина Гостивар – населба Малеадри (сува трева).

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 минута

Бернардо Силва потпиша за Реал

Бернардо Силва, како слободен играч го засили Реал Мадрид. Искусниот португалски репрезентативец, кој беше еден од клучните играчи на Манчестер...

Забава15 минути

Витаминот Ц е важен и за здравјето на мозокот: Ново истражување открива изненадувачка врска

Витаминот Ц не само што придонесува за зајакнување на имунитетот, туку може да игра важна улога и во одржувањето на...

Свет1 час

Италија распоредува систем за воздушна одбрана на НАТО во Турција

Италија ќе распореди систем за воздушна одбрана во централна Турција како дел од одбранбениот план на НАТО, објави турското Министерство...

Македонија2 часа

Заврши реконструкцијата на една од главните сообраќајници во Кочани

Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста...

Свет2 часа

Турција испрати јасна порака до Москва и Киев: Запрете ги нападите во Црното Море, подготвени сме за преговори

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, му пренесе на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, предупредување за важноста...

Македонија2 часа

Скопјанецот кој запали дипломатски возила, со автобус стигнал до Центар, а бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада

Обвинителството предложи притвор за 44-годишниот скопјанец кој запали дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Против него е поведена...

Свет3 часа

Објавен е договорот меѓу САД и Иран, има 14 точки

„Ал Арабија“ објави дека добил копија од договорот од 14 точки што Вашингтон и Техеран се очекува да го потпишат...

Свет3 часа

Лавров: Би било добро ако Украина се приклучи на ЕУ, тогаш би се распаднала

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, иронично го поддржа влезот на Украина во Европската Унија, тврдејќи дека тоа ќе...

Македонија3 часа

ЦУК: До 18 часот регистрирани се 14 пожари на отворено

До 18 часот се регистрирани 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. На територијата на државата...