Македонија
Дијабетичарите бараат оставка од Тодоров
По повод светскиот ден за борба против дијабетесот, дијабетичарите и родителите на децата со дијабетес незадоволни од нивниот третман му предлагаат на министерот за здравство, Никола Тодоров да си даде оставка.
Во дописот до медиумите, од Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“ му предлагаат на Тодоров, бидејќи „се грижел“ за заштедите во буџетот на Македонија, што се покажало со инсулинската криза во Македонија, да се преротира во министер за финансии и економија.„Што се однесува пак до колку вештачки, толку и намерно предизвиканата инсулинска криза во државата, а која благодарение на упорноста на самите дијабетичари и донацијата на “спорните” инсулини вредна близу 700 000 евра од страна на Новонордиск – Македонија брзо се надмина, само уште еднаш јасно ќе нагласиме: исто така жестоко ќе реагиравме и ќе се боревме против административна промена на терапија наметната од ваша страна, а се со цел да се заштедат средства и доколку се потрошеа залихите на било кој од инсулините на другите производители. Овој пат министере Тодоров, а по повод Светскиот ден на борбата со дијабетесот, би Ви го предложиле следново: ОСТАВКА! – oд местото минисер за здравство. Или, можеби подобро, предлог до премиерот Груевски: бидејќи министерот за здравство е многу “брижен” за заштедите од буџетот на РМ, а на сметка на здравјето на околу 43.000 лица со дијабетес, да ве “преротира” во минисер за финансии или економија или можеби и да измисли некој ресор кој што ќе одговара само на вашите квалитети и да ви дозволи да го „разработите“ и да го направите профитабилен“ се вели во соопштението на асоцијацијата.Иако, како што велат од здружението, инсулинот се аплицира поткожно, во Македонија и кај бебињата и кај децата се прима мускулно и со иста големина на игли.„Дали министре сте чуле дека скоро секаде во светот освен 6мм (шест милиметарски) игли за инсулинските пенкала (оние потрошните), постојат и 4мм, 8мм, 10мм? А се употребуваат во зависност од физичката градба и дебелината на поткожно ткиво. Кожата и поткожното ткиво на бебе и возрасен не е иста. А за болката при апликацијата веројатно најдобро знаат децата. Ние само ќе ве информираме дека цената на една кутија со 100 игли, а која еден дијабетичар ја троши во просек за месец до два, е околу 20 евра. И исто така ќе ве информираме дека во иднина ќе се заложиме овие игли да се најдат на позитивната листа“ бараат дијабетичарите.Освен иглите, тие бараат и глукомерите, апаратите за мерење на шеќер во крвта кои вршат мониторинг на шеќерот во крвта за децата да се најдат на позитивна листа.Тие го објаснуваат третманот на дијабетичарите, посебно кај децата со тип 1 во светот, каде за нив се грижи цел тим ендокринолог, сестра, едукатор, како и диететичар. „Како е кај нас? Ни одалеку како таму, каде децата и возразните со дијабетес соработуваат со тој тим. Дискутабилоно е и што се случува со децата и возрасните, посебно оние кои живеат надвор од Скопје, каде што докторите ендокринолози се “претворени” само во писари, а ве прегледуваат, односно погледнуваат еднаш на шест месеци, без да ви дадат никакви насоки за исхраната, физичката активност и ред други совети и насоки кои се основа за добра регулација на гликозата во крвта. Особено што индивидуалните разлики во третирањето на дијабетесот се огромни. И колку од лицата со дијабетес се свесни дека треба да прават проверка на гликолизираниот хемоглобин-HbA1C или популарно наречениот просек на секои три месеци? Значи не само оние со тип 1, туку сите дијабетичари. Каде е едукацијата, која за животот на еден дијабетичар е основа? Во овој случај ни оддалеку не ги обвинуваме докторите, кои што за жал се претрупани веројатно повеќе со администрација отколку со пациенти и каде што еден доктор води по “мал милион” лица со дијабетес“ велат од здружението.Дијабетичарите апелираат дека никој не ги информира ниту родителите, ниту децата дека е битно мерењето на кетони во урината, посебно кога децата се во пубертет, и кога во тој период шеќерот е најмногу варијабилен. „Кај нас не само што тие лентички за мерење на кетони во урината остануваат на товар на дијабетичарите, туку во аптеките во градовите надвор од Скопје не можат ниту да се најдат, а уште пострашно е и тоа што во болниците се случува доста често да ги нема. Дали некој им објаснил на родителите што е “феномен на зората”, кога во утринските часови кај децата поради растот се лачи кортизол и други останати хормони одговорни за растот, па тогаш се најчестите утрински хипогликемии? Искрено – не веруваме. Што се однесува до едукацијата на децата и родителите во однос на дијабетесот има уште многу да се набројува и учи, зошто дијабетесот тип 1 (оној кој е специфичен за децата) е состојба, доживотна, бар за сега“ додаваат дијабетичарите.Според податоците на здружението, во Македонија има приближно 200.000 лица со дијабетес тип 1 и тип 2. Од нив околу 43 000 лица примаат инсулин. На детската клиника на годишно ниво се регистрираат приближно 30 деца со дијабетес тип 1 (инсулин зависен). Оваа година, а до денес, дијабетес мелитус тип 1 е дијагностициран кај 33 деца.Министерството за здравство, ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, пак по повод Светскиот ден на дијабетесот организира бесплатни превентивни прегледи. По тој повод ке биде поставен пункт на плоштад Македонија (до споменик Димитрие Чуповски), во период од 08:30 до 13:00.Медицинските екипи од ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје – Скопје, на граѓаните ќе измерат шекер во крвта, крвен притисок, телесна тежина и висина и ќе даваат совети за здрава исхрана. Мотото на Светскиот ден на дијабетесот оваа година е “Здрава исхрана и дијабетесот”. „Оваа година активностите за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот се насочени кон здравата исхрана и нејзината важност во спречување на дијабетесот ТИП 2 и ефикасно контролирање на дијабетесот како би се избегнале компликациите“ информираат од Здравствениот дом./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Николовски: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат
Преку одговорни политики и посветена работа, пензискиот фонд денес повторно е стабилен, а пензиите за пензионерите растат. Минималната и просечната пензија пораснаа за 50%, па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, истакна на денешната средба со пензионерите од Пробиштип коносителот на изборната единица 3 Љупчо Николовски.
„Донесовме економска стабилност за пензионерите. Подготвивме нова Методологијата за раст на пензиите, со која на пензионерите им гарантираме постојан раст на пензиите. Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата“, истакна Николовски.
Постигнатите резултати до сега, се нашиот гарант дека дадениот збор повторно ќе го исполниме, додаде тој.
„Во новиот мандат, даваме збор дека минималната пензија ќе достигне најмалку 20.000 денари, а пак просечната пензија 30.000 денари. Пензионерите два пати во годината ќе имаат усогласување на пензиите, однсно секој јануари и јуни. За оние пензионери кои живеат сами планираме енергетски пакети, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март“, истакна Николовски.
„Го јакнеме животниот стандард на пензионерите. Пензионерите добиваат потрошувачка картичка со попуст од 30% на прехранбени производи, како воведување новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари“, истакна Николовски.
„Нашата грижа за највозрасните лица ја продолжуваме и земаме обврска за изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, со вкупен капацитет од 2.000 лица. Имаме конкретна програма и јасен план, што гарантира европска иднина и европски стандард за секој еден граѓанин дома во својата татковина. Докажавме дека можеме да ги подобриме работите кон подобро, но имаме уште многу работи што заедно треба да ги продолжиме. Не смееме да се откажаме, сега кога тргнавме кон сигурна иднина за сите во држaвата“, истакна Николовски.
Македонија
Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.
Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.
„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија“, истакна Пендаровски.
Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок.
„Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.
Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци.
Македонија
(Видео) Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средни бизниси, повисоки пензии
„Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси. Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент“, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.
„Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.
И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.
Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.
Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.
Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.