Контакт

Дијаспора

Почина Мајк Илич, еден од најбогатите Македонци во светот

Објавено пред


Еден од најбогатите Македонци во светот и еден од најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), Мајк Илич, почина на 87-годишна возраст.

Илич создал сопствена продавница која подоцна ја претворил во успешна франшиза наречена „Little Caesars Pizza“ која денес е доста позната и во Америка и во Канада.

Тој бил вклучен и во спортот, па така после фантастичната понуда за добивање на „NHL“ франшизата со што ги добил „Detroit Red Wings“, а подоцна ја добил и франшизата на бејзбол асоцијацијта за „Detroiot Tigers“ – и со двете франшизи успеа да направи пари кога „Detroit Red Wings го освои „Stanley Cup“ во сезоната 1996/1997 и 1997/1998 година.

Освен пицеријата, Илич заедно со сопругата ја купија историската зграда на театарот „Fox“ во јули 1987 година, а после реновацијата вредна 200 милиони долари, беше отворена во 1988 година. Во 1993 година Илич го отвора театарот „Second City“ кој се наоѓа веднаш до театарот „Fox“.

Освен бизнисмен, Мајк беше и голем филантроп. Една од неговите први филантропски активности беше „The Little Caesars Love Kitchen“, основана во 1985 година. Ресторанот кој патува бил формиран за да ги нахрани гладните и да помогне со храна за време на национална катастрофа. Програмата е призната од поранешните претседатели Бил Клинтон, Џорџ Буш и Роналд Реган, и има послужено повеќе од 2 милиони луѓе во Америка и Канада.

Во 2006 година, инспириран од ветеран кој ги изгубил двете нозе во војна, Илич ја основал програмата „The Little Caesars Veterans“ со цел да им овозможи на отпуштените ветерани можност за бизнис.

„The Little Caesars Amateur Hockey“ програмата основана од Илич во 1968 година има за цел да им овозможи можности на десетици илјади млади луѓе. Не само што програмата им даде насока на голем број исклучително талентирани играчи за да стигнат до „NHL“, туку им помогна на овие играчи да развијат карактер внатре и надвор од теренот /крај/мф

Daily news

Протест на Албанци од Македонија во Драгот

Објавено пред

(Фото: Експрес)

Група Албанци од Македонија денеска протестираа против подигањето гробишта на грчки војници во местото Драгот кај градот Тепелена.

Косовскиот весник „Експрес“ пишува дека групата Албанци од Македонија заедно со неколку невладини организации од Албанија и Косово побара од официјална Тирана да не го применува договорот што е постигнат помеѓу министрите за надворешни работи на Албанија и Грција, Дитмир Бушати и Никос Коѕијас, за изградба на гробови на грчки војници во Албанија.

За време на викендот на средбата што ја одржаа во Корча шефовите на дипломатиите на Албанија и Грција покрај другото постигнале согласност Албанија да дозволи изградба на гробишта на паднати грчки војници во јужниот дел на Албанија.

КМ

Прикажи повеќе...

Daily news

ОМО „Илинден“ – ПИРИН тврди дека е цел на злоупотреби

Објавено пред

Претседателството на ОМО „Илинден“ – ПИРИН тврди дека е злоупотребено од страна на почесен член на здружението и негира дека присуствувале на средба со „Семакедонскиот национален совет  – Македониум“, чиј претседател е Спас Олумчев, на 29 номеври во Струмица.

„Делегација на Претседателството, а ниту некој член на Претседателството на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, не присуствувала на таква средба. Партијата ниту е известена за решенијата за кои се спомнува во информацијата ниту ги има дискутирано или одобрувано. Стојан Георгиев, чие име се спомнува во соопштението, се јавува како почесен претседател, но не и член на Претседателството. Титулата му дава само почесни, а не и ефективни функции, освен ако специјално не биде ополномоштен за нешто повеќе од Централниот совет или Претседателството на партијата. Никој од овие два највисоки органа на партијата не го има ополномоштено во случајот, а ниту се известени од него да учествува и да потпишува некакви решенија во Струмица. Според тоа, дури и да присуствувал на таква средба, тоа не било како претставник на ОМО „Илинден“ -ПИРИН, туку единствено како приватно лице“, се вели во соопштението.

Претседателството на ОМО „Илинден“ – ПИРИН го изразува својот револт од злоупотребата со името на партијата.

Прикажи повеќе...

Daily news

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Пет заменици на генералниот секретар, уште еден непродуктвен трошок на СДСМ

Објавено пред

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, именувањето пет заменици на генералниот секретар на Собранието е уште еден непродуктивен трошок од народните пари. Изборот на толкав број заменици на генералниот секретар е направен нетраспарентно, со меѓупартиски договор за креирање нови ребони места за коалициските партнери, порачаа пратениците на опозицијата. Тие додаваат дека оваа постапка треба да се стопира и, наместо пет, да останат двајца заменици на генералниот секретар.

 

„Ветивте намалување на непродуктивните трошоци и департизација на институциите, а вие го правите токму спротивното. Доста ни е веќе од вашиот вокабулар, доста го одложувавте животот. Тројца заменици се повеќе од доволно. Бараме јавен оглас и јасни критериуми за избор. Бараме да се стопира оваа постапка со која секоја партија од оваа кревко мнозинство ќе си удоми по еден заменик на функција“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајловска-Старова.

 

Пратениците на СДСМ, пак, сметаат дека е оправдан изборот на пет заменици затоа што се утврдило дека се зголемил обемот на работа на генералниот секретар.

 

„Зборувате дека пет заменици на генералниот секретар се многу, тогаш да ве прашам дали е во ред формирањето десет пратенички групи, со десет координатори, а да не го заборавиме и координаторот над координаторите.

Се загриживте дека ќе се правеле трошоци, а не бевте загрижени кога вашите координатори бараа по десет паузи и ја запираа работата на Собранието во недоглед“, рече пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска-Митевска.

 

По завршувањето на расправата по предлог-одлуката, Собранието го разгледа и поднесениот амандман од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија и Зоран Илиоски, но не се изјасни по него затоа што претседателот Талат Џафери утврди дека нема услови за гласање, односно немаше 61 пратеник во салата. По него и по одлуката за именување заменици на генералниот секретар, пратениците ќе се гласаат на седницата на 24 ноември.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери ангажирани оти имале исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија8 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија8 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион9 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија9 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија9 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет9 часа

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија23 часа

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија1 ден

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија1 ден

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија1 ден

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет1 ден

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија1 ден

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија1 ден

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија1 ден

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија1 ден

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија1 ден

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие