Контакт

Дијаспора

Македонската дијаспора во Канада побара оставка од Нимиц и крај на преговорите за името

Објавено пред

Претседател на Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов минатиот вторник во Њујорк оствари средба со специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации во врска со прашањето за името, Метју Нимиц, при што од него побара да поднесе оставка, како што тоа го направи и неговиот претходник Робин О’Нил и јавно да се откаже од преговорите за името.
 

dobivaj vesti na viber

ММДЧП настапи со образложение дека не постои решение за 25-годишниот вештачки создаден спор, во кој што едната страна одбива да ги признае името, идентитетот, етничката припадност и јазикот на другата страна, па активно и транспарентно, мора да се признае, се обидува да ги елиминира. ММДЧП изразија незадоволство поради тоа што Обединетите Нации продолжуваат да се забавуваат со идејата Македонија присилно да го смени своето име и што дозволува цели 25 години да трае бесрамниот напад врз суверенитетот на Македонија и врз најосновните човекови права како што е самоопределувањето на македонскиот народ.

За прв пат во историјата, Обедитетите нации дозволуваат една земја да определува име на друга земја. Понатаму, ММДЧП истакна дека Македонија и Македонците отсекогаш биле познати под тоа име, тие „не го избрале“ името, па не можат ниту да изберат да се откажат од него. И покрај тоа што се тврди спротивното, Грција е таа која што се обидува да го „присвои“ името Македонија, што е всушност јасно видливо и од 1998-та година кога е променета политиката на негирање на постоењето на Македонија и барањето да се прифати како нивно име.

Додека Грција инсистира на историски дискусии, како изговор за своите тврдења, ММДЧП појасни дека ниту Нимиц, ниту Обединетите нации не можат како појдовна точка да го земат про-грчкиот аргумент дека Македонија е „нова“, а Грција е „стара“. Ова не само што е погрешна, туку претставува и опасен преседан кој што и’ помага на Грција во лажните барања за Македонија. Уште од формирањето на Грција во 1830-та година, никогаш не било побарано Македонија да се приклучи на грчката држава, што јасно покажува дека никогаш и немале претензии кон Македонија. Напротив, од поделбата на Македонија во 1913-та година помеѓу Србија, Бугарија и Грција, а подоцна и Албанија, Грција континуирано бара искоренување и бришење на Македонија, што е впрочем случај и со другите држави.

На средбата со Нимиц, ММДЧП истакна дека со додавање на било каква географска или друга одредница, како на пример „Република Северна Македонија”, „Демократска Република Македонија” или „Република Словенска Македонија”, е крајно навредливо и само би и’ помогнало на Грција во нејзините обиди да го променат етничкиот идентитет на Македонците. Не може некој да го промени името на една земја без промена на идентитетот на народот. Исто така, со тоа би се обезбедила и целта на негирањете на постоење и прогон на македонското малцинство во Грција, момент кој што беше и јавно признат од страна на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис во 1995-та година. Македонците во Грција и низ целиот Балкан се залагаат за нивните човекови права како Македонци и ништо повеќе од тоа.

Дури и да се земат во предвид бесмислените аргументи на Грција во создавањето на бесмислениот „проблем“ со името, нивното тврдење дека името на Република Македонија „создава конфузија” со “провинцијата Македонија” е манипулативно, затоа што зборот „Република” укажува на државност, додаваат од ММДЧП.

ММДЧП го потенцираше и ставот на поранешниот државен секретар на САД, Лоренс Иглбергер, дека „спорот за името е непотребен и неоснован, бидејќи Македонија беше нарекувана така и во времето на поранешна Југославија и тогаш тоа не предизвикало никакви проблеми… Грција тврди дека Македон, Македонија и Александар Македонски се нејзини. Ова е лажно тврдење и е време некој го каже тоа… Грчкото тврдење за Македонија се заснова на историски погрешни информации и воопшто не е засновано на факти“. Иглбергер уште и додаде дека „не е мудро странците да се мешаат во внатрешните работи на друга држава”.

ММДЧП ја повтори својата поента дека угнетувачот Грција не треба да ја признава Република Македонија и дека Република Македонија не треба да ја признава Грција. Како и во досегашната пракса, Македонија и Грција можат да продолжат да се обраќаат една кон друга со „Претставник на првата страна” и „Претставник на втората страна“, а може и со „Земја А” и „Земја Б”. Понатаму, Грција ги прекрши условите од Времената спогодба од 1995-та година со забраната за влез на Македонија во НАТО, со што ја негира и важноста на таа спогодба. На Меѓународниот суд за правда во Хаг, Македонија го доби судскиот спор во врска со овој случај, но сепак последици за Грција нема. ММДЧП повика Нимиц и Обединетите Нации веднаш да го прогласат договорот за неважечки и да објават дека Македонија има технички причини да стават крај на преговорите за името.

Како што му беше предочено и на Нимиц, а тој став на ММДЧП не е променет уште откако Македонија прогласи независност во 1991-та година, непобитен е фактот дека решението на проблемот е во рацете на Македонците. Доколку Македонија ги прекине преговорите, спорот за името автоматски би бил решен. Тоа што западните држави бараат промена на името е само од причина што Македонија преговара. Тоа е повеќе од јасно и затоа ММДЧП ги повикува сите македонски политички партии јавно и без одлагање да ја истакнат потребата од прекин на бесмислените преговори за името и да се обврзат дека, доколку ја добијат власта, никогаш во иднина нема да се вклучат во било каква расправа за името Македонија.

На крајот од средбата, ММДЧП го потсети господинот Нимиц на изјавата на првиот посредник на ОН за спорот со името, дека „Македонија не смее и нема да го промени своето име со цел да се задоволи Грција. Ако Македонија подлегне на притисоците и го промени своето име, таквиот развој на настаните би и’ дало дополнителен поттик на Грција во настојувањата да ја постигне својата крајна цел – Македонија да исчезне од мапата”. ММДЧП го повтори својот повик до Обединетите нации да ги почитуваат сопствените принципи за човековите права и конечно да стави крај на преговорите за името./крај/мф/бс

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

За две години 85.000 македонски граѓани се иселиле во Германија со што Македонија загубила 4,6 отсто од населението

Објавено пред

Истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ покажува дека во Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија. Истражувањето се повикува на последниот попис на населението во Германија (од 2022). Од оваа бројка, 158.000 биле родени во Македонија, се вели во истражувањето.

dobivaj vesti na viber

„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.

Така, за само две години, 85.000 македонски граѓани заминале во Германија, односно земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија. оценува ИПП „Арбен Џафери“.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

МНР ги охрабрува Македонците во Албанија да се попишат како Македонци

Објавено пред

Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели, Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, се вели во соопштението од МНР.

dobivaj vesti na viber

Од македонското МНР велат дека „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство“.

Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.

Северна Македонија и Албанија се земји со исклучителни пријателски односи. Министерството за надворешни работи и институциите на Република Северна Македонија ќе останат во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија, исто како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашањата кои ги засегаат идентитетските прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Стоилковски: Разликата е над 150 илјади, обработени се 75 отсто од гласовите

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека разликата е над 150 илјади во корист на кандидатот за претседател Гордана Силјановска...

Македонија21 минута

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 час

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија2 часа

Евидентирани 12 случаи на фотографирање гласачко ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање, соопшти Тошковски

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот изборен ден поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера. Како што рече,...

Македонија2 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија2 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија2 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија3 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија3 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија3 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија3 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија4 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија4 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија6 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија8 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија9 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија9 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија10 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија11 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...