Контакт

Дијаспора

Македонците од Канада од Стејт Департментот побараа поддршка за македонското име

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Меѓународното македонско движење за човекови права, Бил Николов, на 19-ти октомври се сретна со претставници на американскиот Стејт Департмент и побараа САД веднаш да се откаже од барањето Македонија да го смени своето име и да стави крај на преговорите за името, соопштуваат од ММДЧП. Николов побара од САД да стават крај и на угнетувањето на Македонците во соседните балкански држави и конечно, да прекинат со мешањето во актуелната политичка ситуација во Македонија.

 

Николов го потенцираше ставот на ММДЧП од кој што никогаш не отстапиле, дека Македонија никогаш не треба да се занимава, или да дозволи да биде принудена да се вклучи во било какви преговори за името. Единствен начин да се реши овој вештачки создаден спор за името е преговорите да завршат и дека ММДЧП очекува од САД да застанат во одбрана на своите принципи и да ги квалификуваат преговорите за името како напад врз најосновните права на Македонците. Николов ги повтори позициите на ММДЧП во врска со името кои што му беа предочени и на Специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, за време на средбата што се одржа на 18 октомври, оваа година.. Едноставно кажано, било каква дискусија за името на Македонија, на Грција и’ дава можност да ги оспорува етничкото потекло на Македонците, името, јазикот, културата и идентитетот. Македонија отсекогаш била позната по тоа име, а грчките тврдења дека името Македонија им припаѓа нив се само тактика во од Грција произведениот спор за името. Николов истакна и дека САД можат да стават крај на овој проблем со осуда за грчкиот став и со целосна поддршка за Македонија.

 

Николов побара од САД да се заложат да прекине дискриминацијата против Македонците, особено од страна на Грција, Бугарија и Албанија, и да инсистираат овие држави да се придржуваат до меѓународните конвенции за човекови права, на кои што и самите тие се потписници. Тој истовремено побара во годишните извештаи на Стејт Департментот за почитување на човековите права во државите, пообемно да се наведат сите прекршувања на човековите права против Македонците. Тој објасни дека во извештаите за Грција да се употребува терминологија која што недвосмислено ќе укажува на непризнавање на македонскот малцинство во таа држава. На пример, досегашната пракса од Стејт департментот да се употребуваат термини како „самоидентификувани Македонци“, или „словенски групи“ само им помага на Грците да го негираат етничкиот идентитет на Македонците и затоа е неприфатлива. Исто така, се наведува дека „…повеќе од два милиона етнички (и лингвистички) грчки граѓани за самоидентификација го употребуваат терминот ‘македонски’…“ не само што не соодвествува со фактите, од причина што етничките Грци никогаш себеси не се идентификувале со терминот ‘македонски’, туку уште и’ помага на Грција да го негира постоењето на македонско малцинство. Поради сето тоа, грчките обиди за искоренување на македонската нација и обидите за незаконско присвојување на терминот ‘Македонија’ – мора да се осуди од страна на Стејт Департментот.

 

Конечно, Николов побара од САД да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија и во политичката ситуација. Тој го повтори ставот на ММДЧП дека САД мора да се откажат од својата политика на странски интервенционизам и ако веќе чувствуваат дека мора да дадат насоки за другите демократии во светот, нека го направат тоа со сопствен пример. И не постои подобар пример од најтранспарентниот чин на угнетување на Грција кон Македонија, преку спорот за името – и да стават крај на преговорите./крај/мф/бс

 

Дијаспора

Димитриевски од Мала Преспа: Македонија мора повеќе да се грижи за своите граѓани надвор од границите на државата

Објавено пред

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска на покана на Заедницата на Македонци во Албанија и редакцијата на весникот „Преспа“, заедно со македонското друштво „Сонце“, присуствуваше на свечено одбележување на 30-годишнината од излегувањето на првиот македонски весник во Албанија – Преспа, а исто така направи и обиколка на музејот СТЕРЈО СПАССЕ во село Глобочени.

dobivaj vesti na viber

„Голема е честа за мене да бидам денеска во Мала Преспа. Ги поздравувам сите наши Македонци, денеска научив многу. Македонија мора да се грижи многу повеќе за своите граѓани вон границите на Македонија и оддавам признание на сите овие луѓе ентузијасти кои всушност сето ова што го сочувале досега го сочувале врз база на лични ангажмани. Македонија е должна да помогне, јас како локална власт во најитен можен период ќе изнајдам начин за повисоко ниво на соработка со локалните власти овде и дополнително ќе очекувам одредени идеи што ќе стигнат од нив. Но, она што ќе кажам за Македонците овде едноставно сум импресиониран од нивната заложба за зачувување на македонизмот на овие простори и истиот го поздравувам. Многумина од Македонија можат да учат од нив, бидејќи ние во Македонија денеска имаме една нова форма или еден нов феномен, на нов тип на домашни предавници коишто разнебитуваат се што е македонско, во форма и со убаво проткаени зборови и мисли за поубав живот, а всушност се работи за елементарна злоупотреба на позициите коишто ги имаат и за сочувување на власт, притоа немајќи ниту елементарно чувство за она што знаци нација, држава и самобитност“, рече Димитриевски.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Османи во Швајцарија и Шпанија ќе се сретне со дијаспората за да бара поддршка за пописот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре ќе престојува во работна посета на Швајцарија и Шпанија.

dobivaj vesti na viber

„Во рамките на престојот во Берн, министерот Османи ќе оствари средба со бројни здруженија на граѓани и членови на нашата дијаспора од кои ќе побара поддршка за процесот на Попис 2021“, соопшти Министерството за надворешни работи.

За време на престојот во Швајцарија, Османи ќе се сретне и со својот колега, сојузниот министер за надворешни работи на Швајцарија, Игнацио Касис. Тема на разговорите ќе биде севкупниот развој на односите меѓу двете земји, со посебен фокус на билатералната развојна помош на Швајцарија кон Република Северна Македонија.

Директно од Швајцарија, министерот Османи патува за Мадрид на средба со својот домаќин, министерката за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Шпанија, Аранча Гонзалес Лаја. Османи во Мадрид ќе се сретне и со Аурора Мехија, директор за Европска Унија и главен советник во кабинетот на претседателот на Владата, Педро Санчез, а ќе има средба и со претседателот на Комисијата за надворешни работи во Сенатот, Антонио Гутиерез Лимонеси. Главен акцент во разговорите ќе бидат билатералните односи, економската соработка и европските перспективи на државата.

Во рамките на престојот во Мадрид, Османи ќе се сретне и со директорот на Светската туристичка организација Зураб Пололикашвили, а ќе има одделни средби и со претставници на дијаспората на Република Северна Македонија во Шпанија.

Работните посети на Османи на Швајцарија и Шпанија се дел од дипломатските активности за презентација на европското досие на земјата, но и во насока на мобилизација на нашата дијаспора за вклучување во процесот на само-попишување во рамките на Попис 2021.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Дијаспората бара прекинување и поништување на преговорите со Бугарија

Објавено пред

Како реакција кон недоличните барања на бугарската дипломатија за ревидирање на македонската историја, јазик и постоење како посебен народ, Македонците во светот повикуваат на прекинување на сите преговори со Бугарија поврзани со идентитетски прашања.

dobivaj vesti na viber

„Секоја негација на македонскиот јазик, историја и идентитет од страна на соседите повлекува морална, национална и лична одговорност на Македонецот во одбраната на истите.Македонците во светот, со голем гнев и разочараност го осудуваат секој понатамошен “договор” со Софија со кој експлицитно се бара преименување на историјата и бришење на македонската вековна историска поврзаност и посебност. Причина повеќе и поради ставот на Советот на ЕУ од 25 март годинава, во кој се внесени забелешките на Бугарија за отпочнување на идни преговори“, се вели во соопштението на Обединетата македонска дијаспора.

Според нив, Бугарија како сосед и земја членка на ЕУ, отворено бара од Македонија да се откаже од македонскиот јазик и да се употребува само “службениот јазик на Република Северна Македонија.” Истовремено, Бугарија бара да се откажеме од постоењето на македонско малцинство во Бугарија, да прифатиме бугарско толкување на сопствената историја, што вклучува откажување од најзначајните македонски херои и нивно префарбување во Бугари.

„Со неотфрлањето на овие бугарски барања, ЕУ ги погазува своите сопствени вредности и принципи содржани во Договорот на Европската Унија, каде експлицитно се наведува во член 4 , “ ЕУ ги почитува и се залага за националниот идентитет на секоја држава“ како и промоција и реализирање на националните културни и историски вредности (член 167).Поаѓајки од фактот што ЕУ се заснова на ‘почитување’ на основните вредности за човечко достоинство, слобода и демократија во правна држава и има за цел почитување на различните култури и јазици (член 2 и 3), тогаш логички се поставува прашањето, зошто Македонецот е третиран надвор од овие принципи и критериуми? Дали Македонецот не е доволно човек за му се почитува основното право на изразување, самосвест, и самосознание на своето минато?

Ја повикуваме Европската Унија да го почитува нашето постоење како Македонци, да го уважи нашето право да си ја вреднуваме сопствената историја и да си го негуваме сопствениот јазик. Идентитетските прашања никогаш не биле и не треба да бидат предмет на разговори и преговори. Тие се право на поединецот и заедницата, што се над секоја држава или политички субјект.Можеби е време да се смени процедурата на тотален консензус во ЕУ, каде некои земји членки од злонамера го кочат проширувањето и наметнуваат анти- цивилизациски услови за земјите кандидати. Консензусот не е добродет ако со него се газат многу повозвишени вредности и се подриваат темелите на демократска, обединета, различна но сплотена, ЕВРОПА.И покрај сите премрежја со кој се среќаваме, Македонците во светот ја продолжуваат својата борба за промовирање на националните вредности преку изучување на македонскиот јазик, култура и историја, како и комплетна негација на “северната творба и нејзините институции”, се вели во соопштението Координативно тело на Македонците во светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион18 минути

Немало врсничко насилство врз малолетникот кој го изврши масакрот во „Рибникар“, потврди српската Влада

По вонредниот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, потврдени се наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование...

Македонија3 часа

Нема да паднат на Уставен измените за „Бехтел и Енка“, не ја содржат спорната бројка од 60 работни часа, тврди Груби

Ниту евентуално оспорување на Уставен суд на изгласаните во Собрание законски измени и потпишани од претседателот на државата, Стево Пендаровски,...

Македонија4 часа

Два дена притвор за скопјанецот за убиството во Чаршијата

Судот му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа на скопјанецот што беше уапсен за двојното убиство во скопската...

Македонија5 часа

Шукова: Не се гради пристаниште на Охридското Езеро од албанска страна, се расчистува теренот

Бетонирањето на Охридското Езеро од албанска страна за министерката за животна средина, Каја Шукова, не е поради изградба на пристаниште,...

Македонија5 часа

Струјата, најверојатно, нема да поскапи 13 отсто, претпоставува Бектеши и остави Регулаторната да одлучи

Цената на струјата, најверојатно, нема да се покачи 13 отсто како што бараат некои од компаниите. Ова го посочува министерот...

Македонија6 часа

Одмрзнати цените, нема гаранција дека производите нема да поскапат

Одмрзнати се цените на зеленчукот и овошјето, а министерот за економија, Крешник Бектеши, нема гаранција дека тие нема да поскапат....

Регион6 часа

Бугарското Обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов

Софиското Градско обвинителство побара одземање на имунитетот на лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, за да биде...

Свет7 часа

Зеленски му постави ултиматум на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се појави на самитот на НАТО во Литванија во јули, освен ако алијансата не...

Македонија8 часа

(Видео) Со полиција се затрупува градилиштето зад Универзалната сала, кое проголта дел од улицата 9 Мај

Со полициска асистенција градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзалната сала, кое...

Македонија8 часа

Стапуваат во сила три договори од берлинскиот процес

Во Македонија, Албанија и во Косово стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година во рамките на...

Македонија8 часа

Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор

Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба,...

Вести9 часа

Бодликава жица, зовриена атмосфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот од Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот од Косово. Вработените во локалните самоуправи не може да...

Вести9 часа

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четирипати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј...

Топ20 часа

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ22 часа

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....

Топ23 часа

Ја удирал вонбрачната партнерка со тупаници и клоци по главата и телото, скопјанец осомничен за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено...

Топ1 ден

Уапсен старец од Скопје кој допирал малолетничката во автобус

Старец од Скопје, допирал малолетничка во автобус, информира МВР. Имено, вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски...

Македонија1 ден

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествуваат на...

Македонија1 ден

(Видео) Адвокатот зборуваше за повредите на Пендиков, болниот се смееше зад грб на прашањата

Додека адвокатот Стефан Карамишевски зборуваше за повредите на Христијан Пендиков, болниот зад грб се смееше на новинарските прашања. Карамишевски не...

Македонија1 ден

Министерот за здравство без магичен стап: Тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред...