Контакт

Дијаспора

ОМД: Грчкиот претседател во обид да ја избрише историјата на угнетување врз македонскиот народ

Објавено пред

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги осудува неодамнешните изјави на грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос по однос на Македонија. Неговата изјава дека „историските докази кои сведочат за грчкиот однос кон Поранешната Југословенска Република Македонија се ирелевантни и креирани во обид да ја фалсификуваат Грчката историја…затоа нема потреба да се лажира пријателство со Грција…и поради тоа Грчкото вето (на Македонија во Евро-Атлантската интеграција) е крајно и неодповикливо,” не содејствува со фукцијата на национален лидер и особено не во време кога двете земји би требало да се стремат кон воспоставување на мерки на доверба регулирани од страна на нивните министри за надворешни работи според договорот постигнат во јуни 2015 година.

dobivaj vesti na viber

Македонија и Грција се во безизлезна ситуација поради уставното име на Македонија од 1993 година, кога Грција побара Македонија да се применува во “Поранешната Југословенска Република Македонија” и како таква да пристапи кон членство во Обединетите Нации. Таквата детска, но сепак пресметана политика на Грција се должи во недоглед, поради што ОМД повика на ставање крај на Грчката фарса на ултиматум, вето и ембарго кои ја држат Македонија во заложништво, со разумни преговори и изнаоѓање на решение.

Од 1913 година до денешен ден, јужниот дел на регионот Македонија превземан на брутален начин од страна на Грција, сведочи на немилосрдие кон Македонското малцинство и идентитет. Злоделата на Грција вклучуваат асимилација на не-грчкото население, преименување на лица, објекти, градови, села, реки, планини, па дури и надгробни споменици. Исто така, тие вклучуваат дискриминирање и злоставување на населението кои го негува Македонскиот идентиет и говори Македонскиот јазик. (Евидентност во извештајот за Њуман Рајтц Вач/Хелсинки од 1994 година со наслов “Негирањето на етничкиот идентитет на Македонците во Грција”, достапна тука и во извештајот на Независниот Експерт на Обединетите Нации за Малцински Права Геј Мекдугал од 2009 година, кој меѓу другото тврди дека Грчкото толкувањето на поимот “малцинство” не ги исполнува тековните стандарди и дека Грција наместо да го оспорува постоењето на Македонско и Турско малцинство, потребно е да се фокусира на заштитата на нивните права на изразување, здружување и само-идентификација, Извештајот е достапен тука.)

Вековната грчка политика на истребување на секаква трага на постоење на Македонски идентитет во Грција, несомнено продолжува и по 2.500 години постоење, наместо трезвено да се извини за своите злодела против човештвото сторени на Балканот. Провокациите на Претседателот Павлопулос се само потврда на Грчките аспирации кои се противат на евентуално изнаоѓање на решение.

Факт е дека Македонија постои од библиски времиња и за разлика од Грција, не беше создадена во почетокот на 19-тиот век за да одговара на каприците на европските сили.

На тој основ, ОМД бара од високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност – Федерика Могерини, како ко-креатор на Глобалната стратегија на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, го согледа грчкиот неуспех во управувањето со кризи и обезбедување на Европските гранци, како и нејзиното попречување во проширувањето на Унијата, кои што постапки во целост не соодесјствуваат со европските политики. Воедно, ОМД повторно го повикува Советот за Безбедност на Обединетите Нации и Генералното Собрание, како и НАТО и ЕУ кон признавање на Република Македонија под нејзиното легитимно и уставно име – како 135те земји во светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија, Кина, Индија и Русија. Самоопределувањето е основно човеково право и загарантирано со Повелбата на ОН и општите принципи на меѓународното право, на која основа Македонија ги основа своите ставови и барања.

За разлика од изјавата на претседателот Павлопулос, оваа изјава нема намера да провоцира, туку единствено да го поттикне меѓуетничкиот соживот и почитување на двете земји, како основни начела во досегашното и понатамошното постоење на ОМД. Меѓу другото, истото значи дека ОМД силно го поддржува одржувањето на постојните национални граници на Балканот и нема афинитети кон нивни измени. Воедно, ОМД очекува чин на препознавање на македонскиот идентитет и малцинство во Грција, со што луѓето со Македонско потекло би се стекнале со сите човекови права кои им следуваат според интернационалното право и конвенции. Во прилог на своето барање, ОМД смета дека правото на говорење на мајчиниот јазик, слушањето традиционална музика и слични културолошки аспекти кои до сега беа забрането на територија на Грција, треба да им се загарантираат на тамошните малцинства. Покрај односот на Грција кон нејзините етнички малцинства, ОМД го осудува и нејзиното непочитување на одлуката на Меѓународниот суд на правдата, каде што се потврдува дека Грција со искористување на своето право на вето врз Македонија кон нејзиното членство во НАТО, го има прекршено 11-тиот член, став 1 од Времената спогодба на 13 септември 1995 година. (Преглед на пресудата на Интернационалниот Суд на Правдата од 13 Септември 1995 помеѓу Македонија и Грција е достапен тука.)

Доколку моралните принципи на Платон и неговите современици сеуште се сметаат за валидни помеѓу Грчкиот народ, ОМД верува дека Грција ќе ја исправи историската неправда и ослободи од грижата на совест кон Македонскиот народ. Според ОМД, таквиот потег се очекува да вроди со напредок и меѓуетнички соживот во корист на двете земји./крај/мф/бс

Извор:

Дијаспора

Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија

Објавено пред

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

dobivaj vesti na viber

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.

 “Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

 Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.

 “Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.

 Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

За две години 85.000 македонски граѓани се иселиле во Германија со што Македонија загубила 4,6 отсто од населението

Објавено пред

Истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ покажува дека во Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија. Истражувањето се повикува на последниот попис на населението во Германија (од 2022). Од оваа бројка, 158.000 биле родени во Македонија, се вели во истражувањето.

dobivaj vesti na viber

„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.

Така, за само две години, 85.000 македонски граѓани заминале во Германија, односно земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија. оценува ИПП „Арбен Џафери“.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

МНР ги охрабрува Македонците во Албанија да се попишат како Македонци

Објавено пред

Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели, Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, се вели во соопштението од МНР.

dobivaj vesti na viber

Од македонското МНР велат дека „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство“.

Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.

Северна Македонија и Албанија се земји со исклучителни пријателски односи. Министерството за надворешни работи и институциите на Република Северна Македонија ќе останат во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија, исто како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашањата кои ги засегаат идентитетските прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет26 минути

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија49 минути

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет1 час

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија1 час

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет1 час

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија15 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија16 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија17 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија18 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија20 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија21 час

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија22 часа

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија22 часа

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија22 часа

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија23 часа

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа23 часа

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа1 ден

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...

Свет1 ден

Нетанјаху планира да го нападне Рафа: „Ќе му нанесеме нови тешки удари на Хамас“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера им вети на Израелците дека ќе го засили „воениот притисок“ врз Хамас „во наредните денови“,...