Контакт

Македонија

ДИК: До 10 часот гласале 9,49 отсто од гласачите

Објавено пред

 

До 10 часот на предвремните парламентарни избори гласале 9,49 отсто од гласачите, соопшти Државната изборна комисија.

Најголема излезност има во четвртата изборна единица – 11,33 отсто, а во третата има 11,24 отсто. Во првата изборна единица досега гласале 11,05 отсто, а под 10 отсто се втората – 9,73 отсто, петтата – 9,05 отсто и шестата – 5,10 отсто.

Вкупно во избирачкиот список се запишани 1.784.416 граѓани, а до 10 часот гласале 164.253./крај/со/бб

Македонија

Царовска: Протестот е уставно загарантирано право, но промените мора итно да почнат

Објавено пред

Најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право. Но, реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот и неговите потреби, затоа што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета, а резултатите од новата образовна концепција, треба да ги очекуваме по пет – шест години, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по најавите за протести во следните денови, поради промените кои треба да се случат во основното образование со почетокот на следната учебна година.

„Ние како МОН имавме средба со групата и им одговоривме на нивните барања, кои главно се однесуваат на тоа да се исклучи родовата еднаквост од образовниот систем. За тоа има закони кои се поминати во Собранието и гласани од сите политички партии, што значи дека има консензус за почитување на родовата рамноправност, што е и уставно загарантирано право и треба да биде дел од образовниот систем. Државата има ратификувано и многу конвенции и има обврска да се придржува и да рапортира кон нив. Сметам дека одговорите што ги добија во иницијативата ќе ги разгледаат и ќе расправаат по нив“, рече Царовска.

Министерката кажа дека промените воопшто не се избрзани, туку напротив, дека се доцни со нивната имплементација и според неа тоа веќе не смее да се одложува.

„Ако сме го направеле тоа пред 10 години немаше денеска да бидеме ниско на меѓународните тестирања кои покажуваат, не дека нашите деца не можат да научат, туку оти системот на кој ние ги учиме не е соодветен, затоа што меѓународните тестирања бараат поврзување на знаењата од различни научни дисциплини и доаѓање до одреден заклучок. Нашите ученици, жално, но вистинито, не се подготвени за ваков тип на соочување со предизвиците што ги носи новото време. Концепцијата ќе почне да се спроведува и очекуваме да даде резултати по пет шест години“, нагласи Царовска.

Од министерството за образование појаснуваат дека планот за промените поврзани со наставата во основните училишта, односно изработката на новата Концепција за основно образование, изработката на нови наставни програми и нов Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали е предвиден со програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија и во претходниот мандат и во сегашниот, како и со Стратегијата за образование 2018-2025, а базиран е на резултатите од конкретни анализи за квалитетот на националниот образовен систем изработени од кредибилни меѓународни институции како ОЕЦД и УНИЦЕФ. Мотив за промените, велат од таму, се и долгогодишните слаби постигнувања на нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС, но и барањата на наставниците, на многу генерации на ученици и нивните родители/старатели кои укажуваа на слабостите на националниот образовен систем, вклучително и на недоследности, нелогичности и дискриминаторски содржини во учебниците, а на сето тоа во минатото се одговараше со парцијални реформи кои не го дадоа очекуваниот ефект.

Иако, сите компоненти на планот за реформи се донесени на транспарентен начин, преку јавна дебата и со учество на сите засегнати страни и експертската фела, за дел од промените повторно се појавуваат дилеми во јавноста, а МОН продолжува континуирано и транспарентно да одговара на сите прашања кои пристигнуваат од граѓаните, граѓанските здруженија и други институции и организации, напоменуваат од ова министерство.

Прикажи повеќе...

Македонија

На меѓународниот ден на медицински сестри, министерот Филипче благодарен за нивната пожртвуваност во текот на пандемијата

Објавено пред

Денеска е меѓународниот ден на медицинските сестри и по овој повод министерот за здравство Венко Филипче се сретна со медицинските сестри вработени на КИБФС во Скопје, при што ја искажа својата благодарност за целокупниот нивен придонес во текот на пандемијата, известува министерството за здравство.

„Вашата улога во справувањето со оваа пандемија е од големо значење за сите нас, а сето ова ја истакна важноста на работата која секојдневно ја извршувате. Вие не сте само промотери на здравјето, туку сте и заштитници, чие знаење и пожртвуваност секојдневно спасува безброј животи“, истакна министерот Филипче.

Според него, есенцијалноста и придонесот кон справувањето со целокупната пандемија ја потенцираа клучната улога на медицинските сестри во здравствениот систем. Во изминатиот период како никогаш досега се подобрени условите за работа на медицинските сестри и на целокупниот здравствен персонал.

Зголемувањето на платите на медицинските сестри беше неколкукратно, започнувајќи од 2018 година па се до денес. Во мај 2018 реализирано е зголемување на износот на додатокот за работа ноќе од 29 % на 50 %, зголемување на износот на додатокот за работа ноќе од 29 % на 50 %. Во февруари 2019 година реализирано е зголемување од 5% на платите за: средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование; (освен: ГОБ 8-ми Септември, ПЕТ Центар и УК за хир.бол. Св.Наум – 8%), зголемување од 8% за средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование.

Во јануари 2020 година реализирано е зголемување од 10% за средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование, информираат од министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Нуредини – Скрекас: во фокусот алармантното ниво на водите во Преспанското Езеро

Објавено пред

При посетата на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на Атина, во рамките на „Делфи економик форумот“, тој оствари билатерална средба со својот грчки колега, министерот за животна средина и енергија на Република Грција, Костас Скрекас.

Една од главните теми за разговор беше алармантното ниво на водите во Преспанското Езеро за што беше договорена посебна трилатерална тематска средба на високо ниво помеѓу Република Албанија, Република Грција и Република Северна Македонија, односно почнување на работата на „Преспа парк комитетот“ во средината на јуни. Номинираните лица од трите земји во работните групи на техничко ниво до тогаш ќе ги обезбедат потребните податоци за нивно разменување и анализа на планираната средба, информираат од кабинетот на Нуредини.

Покрај Преспанското Езеро, било разговарано и за подобро заедничко управување со водите на Дојранското Езеро и унапредување на користењето на водите за земјоделските потреби, како и планираните заеднички проекти за реката Вардар.

На средбата биле отворени клучните прашања од областа на животната средина од заеднички интерес, при што двајцата министри се заложиле за посебна поддршка на општините во прекуграничниот регион за ефикасно искористување на прекуграничните ЕУ-програми при аплицирање со конкретни заеднички проекти.

Грчкиот министер изразил подготвеност за поддршка во подготовката и хармонизацијата на нашето законодавство со барањата на ЕУ, како и остварување заеднички проекти во областа на управувањето на отпадот и примена на принципот на циркуларност.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија4 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа4 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа4 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет5 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет5 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија17 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија21 час

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија21 час

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија23 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија23 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие