Контакт

Македонија

ДИК ги утврди содржината, изгледот и заштитата на гласачкото ливче за изборите во Брвеница

Објавено пред

Државната изборна комисија ја одржа 19-та седница, на која едногласно ги утврди содржината, изгледот и заштитата на гласачкото ливче за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.

Согласно член 33 од Деловникот и соодветните одредби од Изборниот законик, Комисијата по оваа точка дискутираше на затворена седница без присуство на јавноста, со цел зачувување на доверливоста на изборниот материјал и заштита на интегритетот на изборниот процес, преку утврдување на специфичните видливи и невидливи безбедносни елементи на ливчето.

„При дефинирањето на содржината на гласачкото ливче беа целосно применети законските норми, според кои материјалот се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а во согласност со застапеноста на заедниците во Општина Брвеница, и на службениот јазик и писмо што го употребуваат најмалку 20% од граѓаните во таа општина, како и на јазикот и писмото на заедницата на која ѝ припаѓаат кандидатите.

Редоследот на кандидатите и нивните подносители е според утврдената единствена листа на кандидати, а самиот главен дел од ливчето ги содржи називот со името на општината, бројот на гласачкото место, името и симболот на подносителот, како и редниот број, името и презимето на кандидатите. Делот што останува на кочанот го содржи серискиот број, општината и бројот на гласачкото место. За затворениот дел од седницата ќе биде составен посебен записник кој соодветно ќе се архивира заедно со тонската снимка и нема да биде јавно објавен. Во рамки на усвоениот дневен ред, Државната изборна комисија едногласно го усвои и Записникот од претходната 18-та седница“, соопшти ДИК.

Најново

Свет12 минути

Со автомобил се забиле во златарница во Германија и украле вредни предмети, двајца уапсени

Драматичен грабеж се случил рано утринава во германскиот град Бајројт, каде тројца крадци со автомобил се забиле во златарница, од...

Свет18 минути

(Фото+видео) Руски дронови и ракети погодија повеќе украински региони, има загинати и десетици повредени

Четири лица загинаа, а 69 се повредени во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа. Украинските власти на 15...

Македонија31 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС...

Црна хроника38 минути

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за...

Свет1 час

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион1 час

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека...

Македонија2 часа

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет2 часа

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет2 часа

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...