Македонија
ДИК го објави бројот на гласачите по изборни единици
Од евидентираните 1.783.715 лица во Избирачкиот список кои имаат право на глас на претстојните предвремени парламентрани избори, вкупно 297.109 се во Изборната единица (ИЕ)1, 307.675 се во ИЕ 2, 282.885 се во ИЕ 3, 285.628 се во ИЕ 4, 296.322 се во ИЕ5 и во 314.096 се регистрирани во Изборната единица 6,соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Избирачкиот список од петокот е ставен на јавен увид и ќе биде достапен до 11-ти ноември, секој ден од 8,30 до 19 часот во подрачните одделенија на ДИК и во канцелариите на општините, како и електронски, постојано 24 часа.
Државната изборна комисија апелира, граѓаните со спорни записи кои не се пријавиле за гласање во периодот од 26-ти јули до 19-ти август, тоа да го сторат до 11-ти ноември, додека е на увид Избирачкиот список
Заклулучно до саботата до 14 часот, електронското пријавување за гласање го искористиле 3.288 лица коишто во моментов престојуваат во странство, иселеници или лица со привремен престој. Од поднесените пријави, прифатени се 2.664, а 82 се одбиени, додека 542 се ораотуваат
Досега во ДИК е доставена една листа на кандидати за пратеници од Група избирачи во Изборната единица 2, на којашто носител е Оливера Доцевска. Собирањето потписи за вакви листи истекува на 6-ти ноември./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.