Македонија
ДИК: Иселениците да поднесат листа на кандидати за пратеници
Државната изборна комисија ги известува сите заинтересирани граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, дека според Изборниот законик, до Државната изборна комисија имаат право да поднесат листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија за изборната единица број 7.
„Дrжавната изборна комисија, Ве известува дека собирањето на потписи ќе се изврши пред овластените лица на дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство, секој ден, почнувајки од 25 април 2016 година до 4 мај 2016 година, во период од 8.30 до 19.00 часот, на пропишан образец од Државната изборна комисија (образец 2 гс), кој може да се симне од веб страната на Државната изборна комисија www.sec.mk.“, соопштија од ДИК.На официјална веб страница на Државната изборна комисија објавен е Образец пропишан од ДИК на кој заинтересираните граѓани ќе собираат потписи за кандидати за пратеници за предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. Според Изборниот законик „Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица“.Изборниот законик го пропишува и собирањето потписи за кандидати за пратеници во дијаспората и гласи: „Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на Дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) односно конзуларните канцеларии на образец потпишан од Државната изборна комисија“. Рокот за собирање потписи пред ДИК, односно во подрачните одделенија како и во ДКП е од 25 април до 9 мај 2016 година. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.