Контакт

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Објавено пред

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил.

– Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за реализација на истите им беше потребно подостапно и поповолно финансирање.  Затоа, заедно со бизнис секторот и банките креиравме и дефиниравме модел со кој 250 милиони евра се ставија на располагање за развојни инвестиции во домашниот приватен сектор, по најповолни услови и со лесен пристап да стигнат до крајните корисници, стои во објавата.

Таа додава дека првата транша кон домашните компании беше исплатена во март минатата година и дека до овој момент во македонската економија се инјектирани вкупно 239 милиони евра, износ кој поттикна значаен инвестициски циклус во приватниот сектор и придонесе за поголемо производство, нови вработувања и поголема конкурентност на домашните компании.

– Целта на Владата беше да препознае што им е потребно на домашните компании и да создаде услови тие потреби да се претворат во реални инвестиции. Интересот покажа дека мерката одговара на реалните потреби на бизнисот. Влеговме во овој проект со јасна цел, преку поддршка на приватните инвестиции да поттикнеме значаен инвестициски циклус во домашната економија. А ефектот е поголем бидејќи средствата што ги обезбедува Владата се надополнуваат со сопствени средства на компаниите – посочува министерката за финансии.

Според министерката, најважното прашање сега не е само колку средства се пласирани, туку што се случува со економската активност како резултат на ваквиот пристап до капитал и зголемените инвестиции.

Додава дека индикатори се охрабрувачки.  Корпоративното кредитирање во овој период во кој се реализира оваа мерка, бележи просечен годишен раст од 15%, односно во периодот од март минатата година до јуни оваа година се движи помеѓу 13,5% и 16,5% што покажува зголемена кредитна активност и подобар пристап на компаниите до финансиски средства. Растот на БДП во првиот квартал од 2026 година изнесуваше 3,1%, по растот од 3,5% во четвртиот квартал од 2025 година, 3,8% во третиот и 3,8% во вториот квартал. Еден од значајните придонеси кон растот се јавните и приватните инвестиции.

Позитивни и охрабрувачки сигнали, стои во објавата, гледаме и кај извозот, индустриското производство и вработеноста.

– Сите податоци покажуваат дека економската активност се движи во посакувана насока и се потврда за позитивните ефекти на политиките коишто ги спроведуваме. Токму затоа поддршката за домашниот бизнис ја гледаме како инвестиција во растот на економијата. Овие податоци се важни бидејќи покажуваат дека економските политики треба да се мерат преку конкретните резултати и промените во реалната економија. Целта на Владата е јасна: повеќе инвестиции, зголемено производство, посилни домашни компании, нови работни места, конкурентна домашна економија и одржлив економски раст – вели министерката Димитриеска-Кочоска.

Истакнува дека  Владата со посветеност ќе продолжи да креира и спроведува мерки кои ќе им овозможуваат на компаниите да растат, да инвестираат и да создаваат нова вредност за целата економија.

Најново

Регион2 часа

(Видео) Загинаа двајцата пилоти по падот на борбениот авион во Грција

Загинаа двајца пилоти од авионот „Phantom“ што се урна во Танагра. Пилотите припаѓаа на 117-то борбено крило со седиште во...

Забава2 часа

Една одлука ќе промени сè: Есента ќе биде во корист само на еден хороскопски знак

Есента доаѓа, а со неа и бројни превирања кои особено ќе „погодат“ еден хороскопски знак. Можеби сте на таа листа…...

Свет2 часа

Бројот на жртви се зголемува од час во час: 1.344 луѓе загинаа во поплавите во Непал, речиси 5.000 се водат како исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Изданијата на Сидни Свини „ја запалија Венеција“: едно нешто особено ќе им се допадне на мажите

Венецискиот филмски фестивал повторно ги собира бројните ѕвезди, а актерката Сидни Свини не ја пропушти можноста да блесне на црвениот...

Забава2 часа

Познатата актерка откри како ослабела повеќе од 36 килограми и драстично го промени својот изглед

Ребел Вилсон конечно ја откри тајната на својата драстична трансформација. Таа ослабе повеќе од 36 килограми, а начинот на кој...

Забава2 часа

(Фото/Видео) На работ на вулгарност: Сакаше да биде елегантна, но залудно

Георгина Родригез повторно успеа да го привлече вниманието на светот. Таа носеше креација која брзо стана главна тема на социјалните...

Свет3 часа

(Видео) Путин до американските пратеници: Пред да започнеме, пренесете ги моите најдобри желби до Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев, почнувајќи од полноќ, додека американската делегација е во Москва...

Спорт3 часа

(Видео) Лудо дерби на „Меаца“, Интер од 0:2 до 3:2 против Наполи

Фудбалерите на Интер направија голем пресврт и го победија Наполи со 3:2, во рамките на 3. коло од Серија А....

Регион3 часа

(Видео) Шест куќи изгореа преку ноќ во голем пожар во Албанија, пожарникарите сè уште дежураат поради ризик

Пожарот во којшто изгореа шест куќи и викендички преку ноќ, во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија беше ставен под...