Контакт

Македонија

Димитриевски им се извини на кумановци за нередовното собирање на ѓубрето и промовираше пет нови комунални возила

Објавено пред

Куманово доби пет нови комунални возила за поголема хигиена во градот, а на нивното примопредавање денес, градоначалникот Максим Димитриевски им се извини на граѓаните за досегашното нередовно собирање на ѓубрето. Тој очекува проблемот да биде надминат до крајот на годината.

„Во оваа прилика сакам да се извинам во мое лично име и во име на директорот на јавното претпријатие за нередовното сервисирање на сметот во градот на сите граѓани, особено во приградските населби, поради зачестените дефекти и технички проблеми со возилата коишто ги имаме на располагање. Се надевам дека веќе до крајот на годината ќе го надминеме со заеднички сили овој проблем“, рече градоначалникот Димитриевски.

Возилата на градоначалникот му ги предаде министерот за транспорт, Александар Николоски и кажа дека после Скопје, Куманово добива најмногу комунални возила оти е најголема општина на територија на државата.

„Тука имаме две мултифункционални возила за одржување на хигиена со соодветен механизам којшто доста ќе помогне во подигнување на сметот. Понатаму имаме еден камион-прскалка којшто ќе овозможи да имаме почисти улици, да се перат улиците, но исто така има можност да носи и техничка вода во кризни ситуации или во ситуации кога има недостаток на вода или прекин со водоснабдување. И секако, тука се две возила за метење улици коишто ќе помогнат, покрај тоа што да имаме чисти улици, да имаме и чисти тротоари, чисти плоштади и чисти отворени површини“, рече министерот Николоски.

Градоначалникот Димитриески смета дека петте нови комунални возила значително ќе го подигнат капацитетот на јавното претпријатие за кое вели дека со децении се соочува со финансиски проблеми. Владата одговорила позитивно, не само на ова барање од Куманово туку и на сите останати апликации, па во тек се неколку проекти.

„Во моментов се имплементира проектот за реконструкција на градската капела, дополнително ќе следува и првата изградба на мост на територија на Општина Куманово, конкретно на локација на Крива Река — тоа е селото Довезенце, и дополнително уште други инфраструктурни проекти со изградба на улици. Она што за нас е битно е дека Куманово, после подолг временски период, има одлична соработка со централните власти и тоа е евидентно со добивање на вакви донации. Му се заблагодарувам на министерот што најави и позитивно се имаат произнесено на нашиот повик да добиеме дел од помошта во однос на возилата за организирање на јавниот превоз во градот. Тоа токму се поклопува во период кога Општина Куманово ќе распишува нов јавен повик за избор на нов приватен партнер во градот за организација на јавниот превоз на повеќе од 28 линии во градот“, вели градоначалникот Димитриевски.

Сета помош што Куманово ја добивало од централната власт изминатите години, Димитриевски вели дека била симболична, но оваа Влада, според него, одвоила и малку повеќе отколку што им следува според бројот на жители.

Петте возила се дел од набавката што ја направи Министерството за транспорт и врски на вкупно 49 комунални возила кои ќе бидат распоредени во Град Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Неготино, Кичево, Дебар и Велес. Министерството со поддршка од Светската банка, ги набави возилата со заштедени средства од буџетот.

Најново

Спорт4 минути

Вардар поразен во Полска од Висла

Ракометарите на Вардар, во четвртото коло го забележаа четвртиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Полска, Висла го победи...

Македонија49 минути

Исполнет уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави Стефковски

Исполнет е уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес на...

Свет52 минути

Хутите нападнаа седиште на нафтен гигант, брод потона во Ормутскиот теснец

Конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалира. Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, го нападнаа седиштето на саудискиот нафтен гигант „Арамко“,...

Свет1 час

„Покривот на Европа“ изгуби повеќе од еден метар во висина за една година

Највисокиот врв во Европа изгубил повеќе од еден метар во висина во текот на изминатата година. Мон Блан во Франција...

Спорт2 часа

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија2 часа

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт2 часа

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија2 часа

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...