Контакт

Македонија

Димитриевски: Македонија треба да биде успешна и самоуверена држава која ги штити своите национални интереси и достоинствено чекори кон Европа

Објавено пред

Караванот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Битола.

Во рамки на панел-дискусијата, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите.

„Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба да ја организираме државата. Тоа значи институции што функционираат, правда што важи за сите и економија која создава можности за развој. Македонија треба да биде успешна и самоуверена држава која ги штити своите национални интереси и достоинствено чекори кон Европа“, порача Димитриевски.

Тој нагласи дека Движењето ЗНАМ е политички субјект кој произлегол од граѓаните и дека токму непосредната врска со луѓето е она што го прави различен на политичката сцена.

„ЗНАМ е создадено од граѓаните и е тука за граѓаните. Нашата сила не е само во политичките функции и институционалната одговорност, туку пред сѐ во довербата што ја добиваме од луѓето. Токму затоа остануваме меѓу граѓаните, да ги слушаме нивните проблеми, да разговараме за нивните потреби и да работиме на решенија што ќе донесат подобар живот. Довербата не се добива со зборови, туку се заслужува со работа, одговорност и резултати што граѓаните можат да ги почувствуваат“, истакна претседателот на Движењето ЗНАМ.

На панел-дискусијата се обратија и претседавачот со Централниот одбор на Движењето ЗНАМ, Игор Филков, како и потпретседателот на Движењето ЗНАМ, државен секретар и кандидат за министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Филков се осврна на реформските процеси во областа на правосудството, владеењето на правото и зајакнувањето на институционалната одговорност, посочувајќи дека силните институции и еднаквата примена на законите се основа за стабилна и европска држава.

Во контекст на политиките кои треба да создадат стабилна и развојна држава, Серафимовски говореше за состојбите и предизвиците во земјоделството, поддршката за земјоделските производители, подобрувањето на условите за работа и создавањето сигурност за луѓето кои се темел на домашното производство и развојот на руралните средини.

Од Движењето ЗНАМ порачаа дека остануваат посветени на изградба на модерна европска држава со силни институции, стабилен правен поредок, развиена економија, конкурентно земјоделство и еднакви можности за сите граѓани.

Најново

Спорт3 часа

Атлетико со два брилијантни гола ја отвори сезоната

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Малага со 2:0 во првото коло од Ла Лига. Атлетико успешно ја започна новата...

Македонија5 часа

Три авиони го гаснат пожарот во Студеничани

Три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот во Студеничани, информира Центарот за управување со кризи. „Директорот на ЦУК, моментално...

Свет5 часа

Руски генерал: Израел ризикува да престане да постои како држава

Високо рангиран руски воен генерал процени дека Израел ризикува да престане да постои како држава. Тој тврди дека Тел Авив...

Македонија5 часа

МВР за гужвата на Табановце: Казните за странските возачи се и од претходните денови

Од денес започна наплатата на казни за возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен...

Свет5 часа

Законот за асистирана смрт во Франција стапи на сила

Франција официјално го воведе правото на асистирана смрт за возрасни кои страдаат од неизлечиви болести. Законот стапи на сила откако...

Забава6 часа

Два хороскопски знаци ќе откријат тајна на есен што ќе им промени сè

Два хороскопски знаци целосно ќе го променат животот оваа есен, откријте дали сте еден од нив. Есента би можела да...

Економија6 часа

„Амазон“ ветува достава со дрон за 30 минути до речиси 500 градови

„Амазон“ планира да ја прошири својата мрежа за достава со дрон во САД повеќе од шест пати до крајот на...

Свет6 часа

Речиси три недели екстремна топлина во Франција, 1.243 смртни случаи поврзани со топлотниот бран

Франција регистрираше 1.243 смртни случаи за време на топлотниот бран, кој траеше од 3 до 22 јули. Податоците денеска ги...

Македонија7 часа

Гужва на Табановце: Странски возачи чекаат ред за да платат казни снимени со камерите на „Безбеден град“

На граничниот премин Табановце помеѓу Македонија и Србија, денес имало редици од странски возачи кои чекале да платат казни за...