Контакт

Македонија

Димитриевски: Необољшевици кои го водат СДСМ се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

Објавено пред

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза.

„Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на политичкиот спин, поттикната од необољшевиците што сега го водат СДСМ и се обидуваат своите внатрешни проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии“ – истакна Димитриевски.

Тој потенцира дека ЗНАМ останува стабилен политички субјект со сопствен интегритет, јасна визија и јасни црвени линии, кој не функционира како привезок на било чија политика, туку како автентично движење кое гради нов политички концепт во Македонија.

Во однос на прашањето за уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот, Димитриевски повтори дека ЗНАМ нема да поддржи решенија под диктат и под постојани нови условувања.

„Ако воопшто се отвора Уставот, тоа мора да биде резултат на јасен внатрешен консензус и реални, проверливи гаранции за националните и државните интереси и врз база на реципроцитет. Без тоа, секое инсистирање е само продолжување на политичка несигурност и постојано поместување на условите“ – нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски порача дека пратениците на ЗНАМ ќе одлучуваат исклучиво согласно националниот и државниот интерес, Уставот и програмските принципи на движењето, без калкулации и без отстапување под политички притисоци.

„Движењето ЗНАМ продолжува со својата мисија насочена кон градење стабилна држава, силни институции и политики што се во интерес на граѓаните, со доследност кон своите принципи и визија за модерна и праведна Македонија, посветено на реални решенија и долгорочен раст и развој на државата“, вели Димитриевски.

Најново

Забава10 часа

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека...

Свет10 часа

Протести на Мајорка против масовниот туризам

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со...

Забава11 часа

Девет необични симптоми на бременоста за кои можеби не сте знаеле

Утринските мачнини и необичните желби за храна се меѓу најпознатите симптоми на бременост, но многу бремени жени се соочуваат и...

Забава11 часа

Ако облеката мириса непријатно веднаш по перењето, исчистете го овој дел од машината

Ги вадите алиштата од машината и наместо мирис на свежина, мирисате на влажен подрум. Виновникот често не е детергентот за...

Забава11 часа

Често се будите уморни: Овие навики може да бидат причина зошто немате доволно енергија

Будењето по неколку часа сон не секогаш значи дека сте се одмориле. Ако често се чувствувате уморни штом ќе ги...

Свет12 часа

Нов инцидент во Германија, дронови прелетаа над воена база

Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се...

Забава13 часа

(Фото) Стотици луѓе се собраа пред катедрала затоа што мислеа дека Роналдо се жени, неговата сестра се огласи

Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени...

Спорт13 часа

Алмада пристигна во Ривер Плата

Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше...

Македонија13 часа

Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој...