Контакт

Македонија

Димитровски ја потврди цврстата поддршка на Македонија за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина

Објавено пред

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска, учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, која годинава се одржа во Кишињев, Република Молдавија. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на Организацијата.

Во услови на значајни геополитички предизвици, засилени притисоци врз мултилатерализмот и продолжена нестабилност во Европа, министрите разговараа за клучните приоритети на Советот на Европа, меѓу кои руската агресија врз Украина, демократската отпорност, заштитата на човековите права, борбата против странското влијание и манипулацијата со информации, како и идната надворешна стратегија на Организацијата.

Во своето обраќање, Димитровски ја потврди цврстата поддршка на Република Северна Македонија за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, нагласувајќи ја важната улога на Советот на Европа во обезбедувањето одговорност за сторените злосторства и поддршката на поствоената обнова.

Во рамки на сесијата, во Кишињев беше организирана и официјална церемонија на потпишување на Конвенцијата за воспоставување Меѓународна комисија за побарувања за Украина, на која Република Северна Македонија се приклучи кон земјите потписнички.

Во своето обраќање, осврнувајќи се на заштитата на човековите права, Димитровски потенцираше дека Европската конвенција за човекови права претставува темел на европскиот систем за заштита на човековите права, при што кредибилитетот на системот зависи од целосното и доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на сите држави.

Во рамки на дискусијата посветена на странската манипулација со информации и мешањето во демократските процеси (FIMI), Димитровски предупреди дека дезинформациите и хибридните закани претставуваат еден од најсериозните предизвици за демократската безбедност денес.

„За земји како нашата, како мала и отворена демократија, членка на НАТО и држава цврсто посветена на европската интеграција, ова прашање е од особено значење. Сѐ почесто сме сведоци дека дезинформациските кампањи не се изолирани медиумски инциденти, туку координирани операции поврзани со сајбер напади, политички влијанија и обиди за продлабочување на постојните општествени и политички поделби. Исто така, нашата држава се соочува со растечки бран на хибридни напади што се спроведуваат преку мрежа од околу 20 онлајн портали поддржани од Софија, кои се претставуваат како локални македонски медиуми, а во суштина шират дезинформации и манипулативни содржини. Токму затоа, заштитата на демократската отпорност, вистината и институционалната доверба останува еден од нашите клучни приоритети”, нагласи Димитровски.

Во тој контекст, посочи дека Северна Македонија во изминатиот период се соочува и со наративи и кампањи кои произлегуваат од спорови поврзани со историски и идентитетски прашања со, при што дезинформациите дополнително придонесуваат кон поларизација и недоверба во јавноста.

Учеството на 135-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, претставуваше значајна можност за размена на ставови, како и за афирмирање на позициите на Република Северна Македонија во однос на заштитата на демократијата, човековите права, владеењето на правото и поддршката на ефективниот мултилатерализам во услови на современи безбедносни и геополитички предизвици.

Сесијата заврши со примопредавање на претседавањето од Република Молдавија на Монако.

Најново

Спорт12 минути

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет16 минути

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија24 минути

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт24 минути

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија28 минути

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет1 час

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....

Свет2 часа

Мерц: Ниту едно евро за помошта за Украина не се зема од нашите граѓани

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Бундестагот изјави дека помошта за Украина не оди на сметка на германските граѓани и...

Свет2 часа

Ватикан објави информации за здравствената состојба на Папата

Папата Лав XIV закрепнува според очекувањата по операцијата, тој веќе почна да се движи низ болничката соба и да се...

Култура2 часа

Киро Донев номиниран за најголемата книжевна награда во светот за литература за деца „Астрид Линдгрен“

Киро Донев е првиот македонски писател номиниран за некоја од двете најголеми книжевни награди во светот за литература за деца...