Контакт

Македонија

Димитровски: Не бараме гаранции за членство во ЕУ, туку уверување дека преговорите нема да зависат од прашања за идентитетот

Објавено пред

Не бараме гаранции за членство во ЕУ, туку уверување дека преговорите нема да зависат од прашања за идентитетот, рече заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во Рим на состанокот на министрите за надворешни работи на Групата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа на покана на министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани.

На средбата учествуваа министрите за надворешни работи од земјите членки на Европската Унија и од Западен Балкан, како и високи претставници на институциите на Европската Унија. Во фокусот на дискусиите беа иднината на политиката на проширување, европската перспектива на Западен Балкан и улогата на регионот во зајакнувањето на европската стратешка автономија.

Во рамки на дискусијата посветена на политиката на проширување, заменик министерот Димитровски истакна дека проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и отпорноста на Европа, нагласувајќи дека пристапниот процес мора да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, со полноправното членство во Европската Унија како единствена крајна цел.

Тој посочи дека нашата земја останува цврсто посветена на спроведувањето на неопходните реформи, при што нагласи дека напредокот кон членството треба да се оценува исклучиво врз основа на исполнувањето на Копенхашките критериуми и постигнатите реформски резултати.

„Важно е да нагласам дека не бараме гаранции дека ќе станеме членка во ЕУ, туку уверување дека нашите пристапни преговори нема да зависат од билатерални прашања поврзани со историјата и идентитетот“, рече Димитровски.

На панелот посветен на европската стратешка автономија на Европската Унија и европските предизвици поврзани со обезбедувањето храна, синџирите на снабдување и поврзаноста, Димитровски ја истакна важноста на подобрата интеграција и поврзаност на Западен Балкан со Европската Унија, како и потребата од унапредување на инфраструктурните, транспортните и економските врски.

Тој нагласи дека зајакнувањето на регионалната поврзаност и отпорноста на синџирите на снабдување се од клучно значење за поголема конкурентност и стабилност на целиот регион.

Најново

Европа4 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт4 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава5 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава5 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт5 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава5 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава5 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија5 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава5 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...