Контакт

Македонија

Директорот на Царина: Наш највисок заеднички интерес е создавање силни безбедносни коалиции во борбата со илегална миграција и сериозен криминал

Објавено пред

„Наш највисок државен интерес е создавање на силни безбедносни коалиции со што ќе овозможиме посилен заеднички глобален напор во борбата со илегалната миграција и во борбата со сериозен криминал. Царинската управа од јули 2024 година до овој момент спречи влез на 246 илегални мигранти, претежно од земјите Египет, Судан, Пакистан, Иран, Ирак и Сирија. Воедно во овој период значително ја зајакнавме борбата со организираниот криминал. Овие факти не говорат само за улогата која ја имаме врз заштита на нашите граници туку и во заштита на границите на земјите од ЕУ, преку навремено и координирано делување“, ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на денешниот оперативен состанок на Заедничката група за миграција, организиран од Бирото за јавна безбедност.

Во оваа насока Николовски нагласи дека од особена важност е размената на информации и меѓуинституционалната соработка на национално и на меѓународно ниво, која како што нагласи е значително подобрена, за што говорат и самите резултати. Притоа, напомена дека само годинава царинските мобилни тимови и К9 единици во рамки на Одделението за оперативни работи асистирале во 41 акција на МВР.

„Размената на информации, заеднички профили на ризик и координирано постапување се алатки со кои можеме многу порано да го идентификуваме ризикот, уште пред тој да стигне до нашата граница. Ќе се согласам дека досега постигнато е многу, но можеме и мораме уште повеќе, затоа што криминалот не мирува, не чека и не познава граници. Остануваме целосно посветени на оваа цел и дека ќе продолжиме со зајакнување на капацитетите и унапредување на досегашната соработка, со цел ефикасно справување со илегалната миграција и организираниот криминал. Но исто така, ќе продолжиме да ја зајакнуваме довербата и оперативната соработка со МВР и БЈБ, со јавното обвинителство, како и со царинските администрации и безбедносни институции од регионот“, порача Николовски.

На состанокот беше нотиран напредокот на нашата држава во справување со современите безбедносни предизвици меѓу кои трговија со луѓе и криумчарење мигранти, што е особено значајно во време на евроинтегративниот процес на државата.

Најново

Култура2 минути

Триумф на актерката Соња Михајлова: Награда за животно дело во Битола и Гран При во Токио за филмот „Сестра, брат и шахта“

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа...

Македонија5 минути

Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од...

Забава29 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа39 минути

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион49 минути

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет1 час

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава1 час

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...

Забава2 часа

(Фото/Видео) „Најсекси пензионерката“ има тело од соништата: Позираше во минијатурно бикини во петтата деценија

Алесандра Амбросио повторно престојува на Бали – истото место каде што Бак Палмер неодамна ја побара за жена. Промената на...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Контроверзната манекенка ги „заборави“ панталоните

Кара Делевињ претвори еден преголем црн блејзер со масивна, скулптурална јака во вистински моден спектакл – нешто што само таа...