Контакт

Македонија

Директорот на Царина од Атина: Размената на податоци ја зголемува меѓусебната доверба со ЕУ и овозможува олеснување на трговијата

Објавено пред

„Размената на информации помеѓу Царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт, или таканаречени „зелени ленти“ ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар на ЕУ, особено во областа на дигитализацијата, менаџирањето со ризици и регионалната соработка“. Ова го истакна директорот Бобан Николовски на третата конференција на високо ниво на генералните директори на Царинските управи од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ „Поврзување на пазарите, усогласување на стандардите: Зелените ленти како столб на засилената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ“ што се одржува во Атина.

На маргините на настанот, директорот Николовски заедно со помошник-директорот на Секторот за Царини при Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина, Борис Спасојевиќ, потпишаа Меморандум за размена на податоци преку SEED+ системот.

Иднината како што рече е во дигиталната интеграција и интероперабилноста на системите.

„Зелените ленти треба постепено да овозможат поголемо меѓусебно признавање на доверливите оператори и спроведените контроли, да ја зајакнат улогата на овластените економски оператори кои ќе имаат поголема одговорност и да придонесат за понатамошно намалување на времето потребно за царински контроли. Во иднина, овој концепт го гледаме како трајна мрежа на приоритетни коридори меѓу Европската Унија и ЦЕФТА, која ќе биде интегрален дел и од регионалните политики за поврзаност и од процесот на европската интеграција“, потенцира Николовски.

Најново

Македонија9 часа

10 години од поплавите, на комеморација прочитани имињата на загинатите: „Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали тагата“

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните...

Забава9 часа

Кога е подобро да се зема витамин Д – наутро или навечер?

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците...

Свет10 часа

300.000 жртви на злоупотреба во француските цркви, Папата ќе се сретне со дел од нив

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета...

Забава11 часа

Секс еднаш месечно: Дали е тоа доволно за среќен брак?

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои...

Забава11 часа

Намирници кои треба да ги избегнувате за вечера

Ако често се будите со надуеност и чувство на „тежок стомак“, причината можеби не е количината на храна, туку нејзиниот...

Свет12 часа

Побарувачката за „Патриот“ експлодира, Американците имаат помалку од 850 преостанати пресретнувачи

Побарувачката за американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“ силно порасна оваа година. Војната во Украина и ширењето на конфликтот на...

Свет12 часа

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија13 часа

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија13 часа

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...