Контакт

Македонија

ДОМ: Идентификувањето на виновниците во Гостивар не смее да го амнестира системот кој ја дозволи катастрофата

Објавено пред

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор.

Овој скандал, додаваат од партијата, не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем.

Според ДОМ, партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано загрозено.
„Индивидуалната вина не смее да послужи како алиби за институционалната негрижа. Затоа, ДОМ инсистира на итни системски промени:

Одговорност во институциите, а не само на терен: Санкционирањето на директните сторители мора да биде проследено со лоцирање на одговорноста кај надлежните служби и инспекции кои со своето непостапување или слепило го овозможиле овој пропуст.

Превенција наместо реакција: ​Системот за мониторинг на квалитетот на водата постои, но случајов докажува дека во пракса се прават лажни и фиктивни проверки! Системот мора да почне да спроведува вистински надзор и строги протоколи за итно информирање на граѓаните при секој можен ризик, наместо да се буди пост-фестум откако штетата е веќе направена.

Рашче е следниот аларм за системот: Бараме итно решавање на опасноста од депонијата на „Југохром“ во Јегуновце. Системот мора да дејствува превентивно, бидејќи заканата од шестовалентниот хром кон изворот Рашче е директна опасност за водоснабдувањето на Скопје.

Пропорционален систем со отворени листи: За да изградиме стручни служби кои ќе го штитат јавниот интерес, потребни се коренити политички реформи. ДОМ инсистира на воведување пропорционален изборен систем со отворени листи, со што избраните претставници ќе им одговараат директно на граѓаните, а не на партиските шефови“.

Потенцираат дека безбедната вода за пиење е основно човеково право, граѓаните заслужуваат систем кој ќе ги штити, наместо систем кој ги прикрива сопствените слабости зад поединечни инциденти.

Најново

Свет1 минута

„Аксиос“: Трамп не се спротивставил на британските санкции против израелските населби

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се спротивставила на иницијативата на Велика Британија за воведување нови санкции против израелските...

Спорт6 минути

Куртоа повторно ја напушти Белгија

Тибо Куртоа (34) дефинитивно нема да игра за белгиската репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации. Тој ја донесе...

Економија13 минути

„Зелени идеи“ бара нови импакт-бизниси, пријавувањето трае уште една недела

Здружението „АРНО“ потсетува дека остануваат уште седум дена до затворањето на националниот натпревар „Зелени идеи“, на кој можат да аплицираат...

Македонија16 минути

Левица: Испраќањето пратки преку Македонска пошта кон САД е речиси невозможно

До политичката партија Левица деновиве пристигнале повеќе алармантни дописи од граѓани и мали стопанственици околу колабирањето на Македонската пошта, соопшти...

Македонија17 минути

„Тошковски го штити кумашинот Јанушев“, велат од СДСМ

„Скандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност. Според...

Свет23 минути

(Видео) Мамдани објави тајни досиеја за 11 септември: воздухот беше опасен, десетици илјади заболеа од рак

Градот Њујорк објави повеќе од 170.000 страници претходно класифицирани записи за квалитетот на воздухот по терористичките напади на 11 септември...

Македонија38 минути

Евгенија Станкоска е новиот раководител на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица

Евгенија Станкоска е новиот раководител на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица. Станкоска е дипломиран политиколог, советник во Советот на...

Спорт40 минути

Скалони нема да го продолжи договорот?

Фудбалската репрезентација на Аргентина, како што сега стојат работите, новиот циклус ќе го започне од нула. Откако Лионел Меси се...

Свет41 минута

(Видео) Иранците запленија американска подморница без екипаж; Пентагон: Станува збор за постар модел

Иранската револуционерна гарда вчера објави дека запленила американска подморница без екипаж на влезот во Ормускиот теснец, давајќи редок увид во...