Контакт

Македонија

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Објавено пред

„Во пресрет на утрешната комисиска расправа за измените на Законот за животна средина, ДОМ повторно предупредува дека предложените законски решенија отвораат сериозни прашања за заштитата на здравјето на граѓаните и животната средина“, велат од ДОМ.

„Покрај измените на одредбите за заштитната дистанца од пет километри за тешката индустрија, како и проширувањето на можностите за избегнување целосна постапка за оцена на влијанието врз животната средина, особено загрижува предлогот за бришење на членовите 28-а, 28-б, 28-в и 28-г, кои се однесуваат на контаминираните подрачја, односно таканаречените жешки еколошки точки.

Станува збор за локации со долгогодишно индустриско загадување, како ОХИС, Лојане, Југохром, Макстил, РЕК Битола, МХК Злетово – ѓубрива и РЕК Осломеј. Овие проблеми не исчезнуваат со бришење на законските одредби. Напротив, токму за ваквите локации се потребни јасни правила, утврдени институционални обврски и одговорност за санација на загадувањето.

Бришењето на овие членови ризикува да создаде правна празнина и да ги ослаби механизмите за управување со контаминираните подрачја. Без јасна законска рамка, останува отворено прашањето кој ќе биде одговорен за следењето на загадувањето, преземањето мерки и обезбедувањето средства за санација.

Дополнително, предложеното бришење на зборовите „или реконструкција“ од забраната за тешка и загадувачка индустрија во радиус од пет километри од населени места и заштитени природни подрачја отвора простор постојни индустриски капацитети да се реконструираат и повторно да се стават во функција, иако се наоѓаат во оваа заштитна зона.

ДОМ потсетува дека во 2022 година беше меѓу предлагачите на законското решение со кое беше воведено ова ограничување. Заштитата на граѓаните и природата мора да остане приоритет, а не да се слабее преку измени чии последици не се доволно образложени пред јавноста.

ДОМ бара пратениците на утрешната комисиска расправа внимателно да ги разгледаат спорните одредби и да не поддржат решенија што ја ослабуваат заштитата на животната средина. Усогласувањето со европското законодавство не смее да биде оправдување за создавање правни празнини или укинување на постојните механизми за заштита.

На Македонија ѝ се потребни посилни институции, јасна одговорност за загадувањето и конкретни рокови и мерки за санација на контаминираните подрачја – а не законски измени што можат да го одложат и отежнат решавањето на овие проблеми на штета на граѓаните“, соопштуваат од ДОМ.

Најново

Спорт1 минута

Меси влезе во историјата на МЛС

Лионел Меси стана првиот играч кој ја освои Златната копачка во МЛС две сезони по ред. Меси постигна 26 гола...

Македонија15 минути

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија19 минути

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија25 минути

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...

Спорт51 минута

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа...

Црна хроника56 минути

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија58 минути

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија1 час

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт1 час

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...