Контакт

Македонија

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари

Објавено пред

Во моменти кога цената на нафтените деривати ја надминува границата од 100 денари за литар, а македонските градови рушат светски рекорди по загаденост на воздухот, државата продолжува системски да ги штити нафтените лобија и да ја кочи вистинската транзиција кон електрична мобилност, велат од ДОМ.

„Сведоци сме на врвно лицемерие: државата без проблем им дозволува на големите приватни корпорации да градат огромни приватни ветропаркови и соларни централи, експлоатирајќи ги нашите заеднички државни природни ресурси – сонцето, ветерот и земјиштето. Но, од овие мега-проекти обичниот народ на ниско ниво нема апсолутно никаква корист!

Додека енергетските олигарси профитираат од „зелената транзиција“, граѓаните се оставени да плаќаат прескапи фосилни горива. Истовремено, секоја помала приватна иницијатива за поставување полначи за електрични возила во градовите наидува на непробоен административен ѕид поради застарените закони и ограничувачките мрежни правила“.

ДОМ бара итно политичко делување и воведување на строги регулативи кои ќе го штитат јавниот интерес.

„Обврска за инвестирање во ЕВ инфраструктура: секој приватен инвеститор кој добива дозвола за изградба на големи соларни централи или ветропаркови преку искористување на државните природни ресурси, законски да се задолжи дел од произведените киловат-часови да ги преточи во мрежа на јавни полначи за електрични возила. Ако профитирате од нашето сонце и ветер, мора да изградите и да ги одржувате полначите за возила за народот!

Демонополизирање на енергетскиот сектор: итна измена на Законот за енергетика со што ќе се дозволи директна продажба на електрична енергија на мало за потребите на инфраструктурата за полнење, ставајќи крај на апсурдната правна гимнастика со наплата на „време и услуга“.

Итна ревизија на мрежните правила: крај на неправедните услови во постоечките мрежни правила. Потребни се флексибилни мрежни правила, брзи процедури и реално олеснување за поставување полначи во урбаните средини.

Фонд за електрификација: средствата собрани од еколошките такси директно да се пренаменат во развој и субвенционирање на јавната мрежа за полнење и субвенционирање на електричните возила“.

Според оваа партија, зелената транзиција не смее да биде само профитабилен бизнис за неколкумина. Време е, додаваат од ДОМ, државата да почне да работи за граѓаните, за нивниот буџет и за почист воздух, а не за заштита на старите монополи.

Најново

Спорт23 минути

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт2 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт2 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион2 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт2 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет2 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет2 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион4 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...