Контакт

Македонија

„ДПМНЕ им создаде хаос на занаетчиите и сѐ уште ги држи во неизвесност – луѓе остануваат без здравствено, со блокирани сметки и неизвесна егзистенција“, велат од Левица

Објавено пред

„Поминаа недели откако Левица реагираше за хаосот што УЈП го создаде со новиот начин на пресметка на придонесите за занаетчиите, а проблемот и натаму не е решен! И денес имаме занаетчии кои не можат да платат ниту придонеси, ниту данок, додека институциите сè уште “координираат“ што и како треба да функционира. За луѓето што живеат од сопствениот труд, секој изгубен месец значи ризик да останат без здравствено, да натрупаат обврски и да не знаат што ги чека утре“, велат од партијата Левица.

„Со измените, придонесите се врзуваат за личната сметка на занаетчијата, наместо како досега за дуќанот преку кој тој заработува. Така се создаде апсурдна состојба – на сметката на дуќанот има пари, а на личната нема; некој има кредит и мора да плати месечна рата, но приходот што го заработил не може нормално да го користи; друг ја извршил уплатата, а сепак морал приватно да плати лекар затоа што здравственото не му било навреме евидентирано. Занаетчиската комора уште претходно предупреди дека над 3.000 занаетчии и нивните семејства се погодени од ваквиот хаос!

А проблемите не завршуваат тука. Сè уште нема јасен и функционален одговор што се случува ако занаетчијата работи скратено, ако се разболи, замине на породилно, ја прекине дејноста или му се промени бројот на работни денови. Значи, државата го смени системот, го пушти во употреба, а дури потоа почна да открива дека реалниот живот не се вклопува во нејзините формулари.

Крајно безобразно е што целата оваа несигурност паѓа врз луѓе кои не бараат ништо од државата освен да им дозволи нормално да работат и да си ги плаќаат обврските. Занаетчијата нема министерска плата додека институциите експериментираат со системот. Тој има дуќан што мора да го отвори, семејство што мора да го издржува, кредит што мора да го плати и здравје што не може да чека УЈП да се усогласи со останатите институции.

Левица ги повикува директорката на УЈП, Елена Петрова и министерката за финансии на Гордана Димитриеска-Кочоска конечно да реагираат и да се произнесат што прават и што планираат да направат! Бараме да се воспостави функционален начин на плаќање преку кој занаетчиите непречено ќе располагаат со сопствениот приход, да се обезбеди континуирано здравствено и пензиско осигурување и веднаш да се решат прашањата со блокираните лични сметки, кредитите, боледувањата, породилното и промените во работниот статус. Овој хаос со месеци им ја загрозува егзистенцијата на луѓето!“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Најново

Спорт2 часа

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет2 часа

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт2 часа

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт2 часа

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет2 часа

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава2 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет3 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава3 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион3 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...