Контакт

Македонија

Државата се задолжува за да може да ја врати обврзницата земена во корона-кризата за да горат модуларни болници, вели Мицкоски

Објавено пред

Заемите на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) не се запишани оти не влегуваат во јавниот долг, а новото задолжување е неопходно за државата да ги врати долговите направени во корона- кризата. Вака денес премиерот Христијан Мицкоски одговори на обвинувањата од опозицијата дека во јавниот долг не е пресметан долгот на ЈПДП и дека се оди на ново задолжување оти нема пари во буџетот да се истурка оваа година.

„Првата теза беше зошто не биле запишани оние заеми коишто Јавното претпријатие за државни патишта ги зема. Затоа што тие не влегуваат во јавниот долг. И тоа треба да го знаат, затоа што има Закон за јавен долг. И тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат активностите, така се испорачуваат фактури и така се повлекуваат заеми и се плаќаат. И втората теза: зошто онаа одлука на Владата од 31 август за задолжување на меѓународен пазар не била во ребалансот на буџетот? Затоа што таа е за да се издаде еврообврзница во следната година, за да можеме да ги вратиме нивните долгови коишто го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата, за да може да ја вратиме обврзницата којашто тие ја земаа во корона-кризата за да можат да горат модуларни болници, за да можат да набавуваат стари вакцини, а притоа граѓаните да бидат на дното според превенцијата, а на врвот по број на жртви за време на корона-кризата. Ете таа опозиција денеска ние ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција којашто продолжува да биде континуитет на бандитската власт во периодот кога СДСМ и ДУИ беа власт во Македонија“, рече премиерот Мицкоски по прошетката во општина Карпош.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера извести дека задолжување со издавање нова еврообврзница е предвидено во проекциите за 2027 година оти државата треба да врати долг од речиси 1,5 милион евра за хартии од вредност и кредити, внатрешен и надворешен долг. На тоа треба да се додадат државните записи со рок до 12 месеци со вредност од околу 1,1 милијарда евра кои доспеваат следната година, а кон вкупната сума треба да се додаде и планираниот буџетски дефицит од 3,5 проценти кој дополнително треба да се финансира.

Најново

Македонија5 минути

Општина Ародром: Нов асфалт на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, каде...

Европа5 минути

(Видео) Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која наводно лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Дерсингем, во...

Свет12 минути

(Видео) Две лица загинаа при уривањето на зградата, потрагата продолжува: трагични вести од Истанбул

Бројот на жртви во уривањето на седумкатница во истанбулскиот кварт Малтепе се искачи на две, додека спасувачките екипи продолжуваат да...

Забава19 минути

Огромна сума пари до 20 октомври пристигнува за три хороскопски знаци

Првата половина на октомври може да донесе нешто што одредени хороскопски знаци со нетрпение го очекуваат – опиплива финансиска промена....

Македонија29 минути

Влен: 335 илјади евра за маката на Груби, додека над 350 илјади Албанци ја напуштија земјата

„Маката на Артан Груби е пасошот. За него се понудени над 335 илјади евра гаранција, само за да биде на...

Македонија29 минути

ДУИ: Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во земјата

Вчера Уставниот суд донесе одлука со која се создава исклучително опасен преседан за албанскиот јазик и за правната сигурност во...

Забава31 минута

Прецизен список на намирници што помагаат во согорувањето на маснотиите: Ќе слабеете полесно

Ако под „храна што согорува масти“ подразбираме намирници што согоруваат калории без никаков напор од наша страна, тогаш мора да...

Спорт32 минути

Ливерпул нуди 50 милиони долари за вундеркиндот од Клуб Тихуана

Ливерпул би можел да го доведе еден од најталентираните млади играчи во светот во зимскиот преоден рок. Англискиот гигант го...

Забава38 минути

(Фото/Видео) Зендаја ја „навреди“ француската прва дама: снимката се шири на интернет

Зендаја неодамна присуствуваше на модна ревија во Париз, каде што нејзиното однесување привлече внимание во јавноста. Судејќи според коментарите на...