Контакт

Македонија

ДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчи

Објавено пред

„Од државните свечености, до спортот, културата и институциите – Албанците се исклучуваат секаде, додека ВЛЕН молчи. 35 години по независноста, оваа влада покажува дека државата може да биде независна, но стариот менталитет може брзо да се врати со вазалите на ВЛЕН на власт. На одбележувањето на 35-годишнината од независноста, албанскиот јазик беше игнориран во државните настани. Ниту еден збор. Ниту една буква. Ниту еден знак. Како Албанците да не постојат во оваа држава“, велат од ДУИ.

„Но Албанците „не постојат“ ниту кога треба да бидат наградени. На државните награди „8 Септември“, и оваа година резултатот е срамен: 0 Албанци. Ниту еден спортист, ниту еден тренер, ниту едно албанско име меѓу наградените.

Значи, за оваа влада, Албанецот е добар само кога треба да ја претставува државата и да носи медали, но станува невидлив кога доаѓа моментот државата да го признае и награди неговиот успех.

Ова не е случајност. Ова е политика. И во оваа политика на исклучување, ВЛЕН избра да биде нем набљудувач. Оние кои дојдоа на власт со ветувања за еднаквост, соодветна застапеност и права на Албанците, денес немаат ниту еден збор за Албанците кои се исклучуваат.

Каде е ВЛЕН? Каде се вицепремиерите? Каде се министрите? Каде се ветувањата за „правична и соодветна застапеност“? Кога Албанците се исклучуваат, ВЛЕН молчи. Кога Албанците се дискриминираат, ВЛЕН молчи. Кога придонесот на Албанците се брише, ВЛЕН повторно молчи.

Ова е нивното лице по повеќе од две години на власт. Време е ВЛЕН да престане да ја крие главата во песок. Албанците не се невидливи. Невидливи стануваат само оние кои наводно ги претставуваат – ВЛЕН“, соопшти ДУИ.

Најново

Свет1 минута

Кос ја предупреди Турција: „Ова не е начинот за пристапување кон Европската Унија“

Потиснувањето на опозицијата, медиумите и ЛГБТ заедницата во Турција ја оддалечува Анкара од нејзините европски амбиции, изјави комесарката за проширување...

Македонија30 минути

Клековски во Берлин: Германија е партнер за модерно здравство – дигитализација, кадри и нови технологии

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на министерскиот панел на високо ниво на 9. Германско-источноевропски здравствен форум во Берлин....

Македонија34 минути

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследи напредокот на градежните...

Македонија46 минути

Сулејмани: Преспанскиот Регион ќе стане симбол на новата соработка меѓу Северна Македонија, Грција и Албанија – потпишанa заедничкa изјава за патот кон УНЕСКО

Со потпишување на заедничката изјава, министрите за култура на Северна Македонија, Грција и на Албанија на денешната трилатерална средба во...

Спорт56 минути

Хуркач го приземји Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

По титулата во Пекинг, Новак Ѓоковиќ во првиот меч го заврши настапот на Мастерсот во Шангај. Подобар од него во...

Македонија1 час

Директорот на Царина: Наш највисок заеднички интерес е создавање силни безбедносни коалиции во борбата со илегална миграција и сериозен криминал

„Наш највисок државен интерес е создавање на силни безбедносни коалиции со што ќе овозможиме посилен заеднички глобален напор во борбата...

Македонија1 час

Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар

Општина Центар асфалтираше дел од улицата ,,Маџир Маало“ во населбата, на површина од 352 квадратни метри. Досега жителите на овој...

Македонија1 час

ЗНАМ: На наша иницијатива започнаа инспекциските надзори на активните градилишта во Центар

На иницијатива на советниците од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија,нзапочнаа инспекциските надзори на активните градилишта на територијата на Општина...

Македонија1 час

И еден месец по прославата, Владата не кажа колку пари е настапот на Давид Гета: тоа е доверлив договор меѓу „Страдаст“ и артистот

Директорот на Државната лотарија, Александар Климовски, заедно со портпаролката на Владата, Марија Митева, денес повеќе од половина час го презентираше...