Македонија
ДУИ: Изет Меџити, промоторот на бруталниот непотизам во политиката на Албанците
„Изет Меџити, промоторот на бруталниот непотизам во политиката на Aлбанците. Човекот кој стана милионер додека Чаир осиромашуваше, денес се обидува да се претстави како промена, но граѓаните ја знаат вистината: неговата политичка структура функционира по истата логика како мафијашките кланови семејна лојалност, крвна поврзаност,лични интереси и контрола преку неговите најблиски луѓе“, велат од ДУИ.
„Повеќе од 20 години, тој и неговата група го узурпираа претставувањето на Албанците во Скопје и ѝ ја уништија иднината на цела генерација млади луѓе. Во меѓувреме, растеше само неговото лично богатство и влијание.
Албанците немаат потреба од рециклирање на истиот менталитет кој инсталираше вазалството и криминалот како модел на политичко дејствување“, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Полицијата одзеде автобус што превезувал ученици по пријава за дефекти на патот
Автобус кој превезувал ученици од екскурзија бил одземен за вонреден технички преглед на автопатот Велес–Скопје, откако претходно бил пријавен поради дефекти за време на патувањето.
Како што информираа од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете се наоѓало во автобусот со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје.
Според пријавата, автобусот неколкупати се расипувал за време на враќањето од екскурзијата.
„На 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје. Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност“, велат од МВР.
Учениците и останатите патници биле безбедно пренесени до крајната дестинација со друг автобус.
Од полицијата најавија дека по целосното расчистување и документирање на случајот, како и по завршувањето на вонредниот технички преглед, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Македонија
(Видео) Мицкоски дојде на власт со лаги за Преспанскиот договор и враќање на името, кажа Филипче
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска кажа дека премиерот Христијан Мицкоски дошол на власт, како што рече, „со лаги и манипулации“ за Преспански договор, државното име и европската иднина на земјата.
Тој посочи дека Мицкоски во предизборниот период ветувал поништување на Преспанскиот договор, враќање на старото уставно име и раскинување на договорот за добрососедство со Бугарија, но дека тоа не се случило по преземањето на власта.
„На било каква порака која ја пуштаме дека е потребна Европа, тие ги пуштаат своите ботови, лажни вести и не напаѓаат дека сме предавници. Па тие дојдоа на власт со лажна кампања дека СДСМ имала предавнички политики. Премиерот ветуваше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, ќе го враќа името и ќе го поништи договорот за добрососедство со Бугарија поради тоа што биле предавнички. Ако биле предавнички, зошто не го прави тоа? Тоа значи дека не биле“, рече Филипче.
Лидерот на СДСМ оцени дека, според него, блокадата на европската перспектива на државата била поради страв од европски механизми за контрола и одговорност.
„Единствената причина поради која ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја блокираат европската иднина е стравот од одговорност европска контрола и европско обвинителство. Луѓето не сакаат напред во Европа, не сакаат европска контрола на системот. Зошто сакаат да продолжат да крадат народни пари преку наместени тендери. Тоа е суштината“, истакна Филипче.
Македонија
(Видео) Филипче: ВМРО користи гебелсови методи, лаги и измислени непријатели
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ користи „гебелсови методи“ за комуникација, преку ширење лажни вести, оцрнување на политички противници и создавање вештачки непријатели.
Во изјава за медиумите, Филипче рече дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се засноваат на пропаганда која, според него, се спроведува преку мрежа на медиуми поврзани со поранешниот унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„ВМРО соработуваше со фашистите, а и сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, идентификување на лажни внатрешни предавници и надворешни непријатели. Сето тоа користејќи ја орбановата мрежа на медиуми тука кај нас, кога гледаме постепено во Унгарија почнува да се распаѓа“, рече Филипче.
Тој додаде дека во Унгарија започнал процес на расчистување со криминали поврзани со владеењето на Орбан и оцени дека тие случаи се поврзуваат и со структури блиски до премиерот Христијан Мицкоски.
„Еве денеска нова влада во Унгарија формира новиот премиер Петар Маѓар и најави дека веќе од утре ќе почне да се расчистува со сите криминали во сите сектори на Виктор Орбан коишто по секоја линија тука Македонија водат до Христијан Мицкоски и неговиот периметар“, изјави Филипче.
Според него, „поврзаноста меѓу владата на Мицкоски и структурите блиски до Виктор Орбан, се гледа преку договорите и проектите со Унгарија и медиумското влијание во државата“.
„Прво прашањето со кредитот од Унгарија милијарда евра е задолжена земјата за да само некои фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ користат некакви кредити. А сите ние преку нашите даноци, сите граѓани ги плаќаат тие кредити за само селектирани компании. Потоа прашањето со пругата, прашањето со телекомот и најважното прашање кое што еве таму се отвара, веќе тие медиуми во Унгарија се распаѓаат, луѓето почнуваат да се извинуваат за лажните вести кои што ги ширеле, и тоа ќе се случува и кај нас“, рече Филипче.
