Контакт

Македонија

ДУИ: Отстранувањето на врската со Албанија од Коридорот 8 ќе го уништи самиот коридор

Објавено пред

Пред неколку дена министерот за транспорт јавно изјави дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан, како дел од Коридорот 8, може да биде исклучена од проектот, повикувајќи се на ограничувања поврзани со УНЕСКО. Оваа изјава е алармантна и неприфатлива, велат од ДУИ.

Потенцираат дека Коридорот 8 не е локален инфраструктурен проект.

Тоа, како што велат, е стратешки коридор кој ги поврзува Јадранското и Црното Море, обединувајќи ги Италија, Албанија, Северна Македонија и Бугарија во една економска и геополитичка оска.

„Делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е составен дел од овој коридор и дел од одобрениот план и постојните договори. Отстранувањето на оваа делница не е само техничка промена. Тоа значи нарушување на самата логика и функција на Коридорот 8. Без оваа делница се прекинува природната врска на коридорот меѓу Јадранот и источниот дел на Балканот. Ова не е само инфраструктурно прашање.Ова е и геостратешко прашање“.

Според ДУИ, Коридорот 8 е еден од проектите што ја зајакнуваат врската исток–запад на јужното крило на НАТО.

„Слабеењето на овој коридор отвора простор за промоција на оска север–југ, што се совпаѓа со инфраструктурни проекти кои во регионот се промовираат од други геополитички актери. И добро знаеме дека зад таквата ориентација често стојат проекти поврзани со Србија, како и со интересите на Кина и Русија во регионот. Затоа секој обид за слабеење на Коридорот 8 мора да се гледа со најголема сериозност. Вчера во Струга беше заменик-министерката за транспорт, Калтина Зеколи. Таа промовираше други проекти, но не кажа ниту еден збор за изјавата на својот министер.
Министерот најавува можност Струга да биде исклучена од Коридорот 8, а заменик-министерката Албанка молчи. Но не молчи само заменик-министерката.

Молчи и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, кој наместо да го брани интересот на градот што го води, станува алиби за оваа ситуација“.

Од оваа партија прашуваат, дали Владата планира да ја отстрани делницата Требеништа – Струга – Ќафасан од Коридорот 8?

„Дали затоа министерот јавно ја најави оваа можност? И зошто заменик-министерката Калтина Зеколи и градоначалникот на Струга не кажаа ниту еден збор за ова прашање?
Граѓаните заслужуваат јасни одговори. Коридорот 8 не може да се менува со случајни изјави или со политички калкулации. Секој обид Струга да биде исклучена од овој коридор е неприфатлив“.

Бараат од Министерството за транспорт и од Владата веднаш да разјаснат дали делницата Требеништа – Струга – Ќафасан останува дел од Коридорот 8.

Како што истакнуваат, слабеењето на овој коридор не ја оштетува само Струга.

Тоа, според нив, ја поткопува и стратешката улога на Северна Македонија во врската Јадранско – Црно Море и во безбедносната архитектура на НАТО во регионот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

По 7 месеци пауза, Вардариште повторно гори, велат од „Стоп за Вардариште“

Објавено пред

Од

По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели 7 месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните. Ова е последно предупредување од наша страна, велат од „Стоп за Вардариште“.

Од таму велат доколку не се стави целосен крај на загадувањето, ќе има блокади.

„Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите. Ги повикуваме сите надлежни институции да реагираат итно и со највисок степен на сериозност, а Министерството за внатрешни работи да го вратат полициското присуство на депонијата“, велат од „Стоп за Вардариште“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Објавено пред

Од

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Следува период на променливо облачно и релативно топло време. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и изолирана појава на грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција

Објавено пред

Од

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево.

Централни теми на разговорите беа напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Белгија, со посебен акцент на процесот на проширување на Европската Унија и, во тој контекст, реафирмирањето на натамошната белгиска поддршка на македонската европска интеграција.

Министерот Муцунски изрази задоволство од билатералните односи меѓу двете земји и упати благодарност за принципиелната и конструктивна белгиска поддршка во процесот на евроинтеграција. Тој нагласи дека Владата е цврсто посветена на спроведување на клучните реформи, вклучително Реформската агенда, како и на целосно усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

„Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтегративниот процес мора да се темели на исполнување на копенхашките критериуми од страна на земјите кандидати, но и на подготвеноста на самата Европска Унија да ги спроведе неопходните внатрешни реформи за прием на нови членки“, истакна министерот Муцунски.

Заеднички беше оценето дека македонско-белгиските односи се на високо ниво, при што беше реафирмирана подготвеноста за нивно натамошно продлабочување, особено во делот на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и привлекувањето нови белгиски инвестиции.

Министерот Прево истакна дека Белгија останува посветена на унапредување на билатералните односи, врз основа на традиционалното пријателство и меѓусебната доверба. Тој изрази задоволство од посветеноста на земјава кон реформските процеси и европската интеграција, особено во делот на усогласеноста со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, и потврди дека Белгија ќе продолжи да биде силен поддржувач на процесот на проширување, врз основа на постигнатите резултати.

На средбата стана збор и за актуелните геополитички предизвици. „Разговаравме и за потребата од мудри, но и храбри геостратешки одлуки во време кога европската безбедносна архитектура се соочува со сериозни искушенија“, заклучи министерот Муцунски.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Арбелоа: Винчиќ уништи прекрасен натпревар

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го коментираше испаѓањето на шпанскиот клуб од Лигата на шампионите по поразот од 4:3...

Спорт4 часа

(Видео) Гулер доби црвен картон по завршувањето на натпреварот

Фудбалерите на Реал Мадрид загубија со 4:3 од Баерн на „Алијанц Арена“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите...

Спорт5 часа

(Видео) Нула во Лондон – Арсенал е полуфиналист во ЛШ

Арсенал го елиминираше Спортинг и за прв пат во својата историја се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, две...

Спорт5 часа

(Видео) Аматерскиот потег на Камавинга го реши спектаклот во Минхен – Баерн закажа полуфинале со ПСЖ

Баерн Минхен во спектакуларен натпревар, го победи Реал Мадрид со 4:3 и се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите....

Свет6 часа

Иран разгледува слободна пловидба низ Ормускиот теснец, но под еден услов

Иран разгледува можност да им дозволи на бродовите слободно да пловат по оманската страна на Ормускиот теснец без ризик од...

Спорт7 часа

ТФТ ќе се бори за место во АБА лигата

Кошаркарите на ТФТ се пласираа во финалето, во АБА 2 лигата. ТФТ и во вториот натпревар ја совлада Сутјеска, за...

Свет7 часа

САД им се закануваат на кинеските банки

Администрацијата на Трамп го зголемува финансискиот притисок врз Иран, таргетирајќи ги банките што учествуваат во нелегални трансакции во таа земја....

Свет7 часа

Маѓар го покани Нетанјаху на официјална посета на Унгарија

Канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека во срдечен воведен разговор новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, ја изразил својата...

Спорт7 часа

Шумахер пред ТВ камери ќе се ожени со својот партнер

Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, наскоро ќе ја круниса својата љубов со брак, и тоа пред телевизиските камери....