Контакт

Македонија

ДУИ: Скандалозно незаконско именување во МРТ

Објавено пред

Демократската унија за интеграција реагира на именувањето на заменик-генерален директор во МРТ.

Од оваа партија велат дека најостро го осудуваат продолжувањето на политичкото заробување на Македонската радио-телевизија од страна на коалицијата ВМРО-ВЛЕН, процес што, според нив, го уништува јавниот, професионалниот и мултиетничкиот карактер на оваа институција.

„Скандалот кулминираше вчера со именувањето на заменик-генерален директор, лице кое не ги исполнува законските услови и критериумите утврдени во јавниот конкурс. Повторно нагласуваме дека станува збор за незаконско именување, кое мора итно да биде предмет на истрага од надлежните институции.

За работно место како соработник, советник и други позиции во јавната администрација, потребни се високо образование и работно искуство стекнато по завршувањето на соодветното образование. Но, за да се задоволат апетитите на партнерите во рамките на ВЛЕН, Програмскиот совет на МРТ именува лице на врвот на јавниот сервис кое не ги исполнува ниту условите за позиција соработник во јавната администрација. Можеби токму ова е „правичната застапеност“ и „меритократијата“ што ја проповеда ВЛЕН“.

За ДУИ Ааармантно и навредливо за професијата е што на чело на јавен медиум се именува лице без ниту еден ден работно искуство во новинарството.

„Ова претставува деградација на професионалните стандарди, потценување на стотиците новинари и медиумски работници со долгогодишно искуство во МРТ и доказ дека единствениот критериум за именување е политичката лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Од првиот ден на доаѓањето на власт, ВЛЕН покажа дека не ги претставува интересите на Албанците, туку интересите на ВМРО. Денес албанските вработени во МРТ останаа без институционална поддршка, додека лицата именувани спротивно на законот се претворија во слепи извршители на партиските политики, претворајќи го јавниот сервис во инструмент на владината пропаганда“.

Ги повикуваат Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да отворат истражна постапка за овој случај и да ја утврдат кривичната и административната одговорност на сите кои учествувале во овој незаконски процес.

„Исто така, ги повикуваме Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ОБСЕ, Делегацијата на Советот на Европа, како и сите домашни и меѓународни организации кои се занимаваат со слободата на медиумите и владеењето на правото, без одлагање да реагираат на овој опасен процес на политизација и узурпација на МРТ.

Заробувањето на јавниот сервис, кршењето на законот, елиминирањето на Албанците од раководните позиции и деградацијата на професионалните стандарди не се проблем само на една институција. Тоа претставува напад врз демократијата, плурализмот и мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија.

ДУИ нема да молчи пред оваа деградација и ќе ги искористи сите демократски и институционални механизми за да ги заштити законитоста, професионализмот и правичната застапеност на Албанците во Македонската радио-телевизија. ‎

Најново

Свет3 часа

Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш во животот не сум го почувствувал ова“, „Како бомба“

Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко погодени од земјотресот, сведоците пријавија широко распространето уништување. Таксистот Хорхе Монкајо (64) рече...

Забава3 часа

Додека спиете – заработката пристигнува, но само за припадниците на овие четири хороскопски знаци

Само четири хороскопски знаци ќе доживеат вистински просперитет до крајот на 2026 година, а доколку донесат мудри одлуки, нивното богатство...

Забава3 часа

Иванка Трамп се пофали со фотографии од одморот на Исланд, потсмевот не престанува

Иванка Трамп објави фотографии од семејниот одмор во Исланд, а објавата предизвика низа коментари со доза на потсмев на социјалните...

Забава4 часа

Како ефикасно да отстраните дамки од кафе или чај од шолја? Нема да ви бидат потребни агресивни производи

Кафето и чајот се омилени пијалоци за многумина, особено во постудените денови. Сепак, колку почесто ги пиеме од истата шолја,...

Свет4 часа

Бројот на загинати во Колумбија надмина 100, претседателот потврди 111 жртви

Силниот земјотрес што ја погоди Колумбија одзеде 111 животи, објави претседателот Абелардо де ла Есприела. Претходните извештаи велеа дека најмалку...

Свет5 часа

Шакира испрати порака за поддршка до Колумбија по земјотресот

Една од најпознатите Колумбијки, Шакира, се огласи по силниот земјотрес што денес ја погоди нејзината татковина. „Драга Колумбија, моите мисли...

Европа5 часа

(Видео) Пожарите повторно беснеат во Шпанија

Голем шумски пожар во југозападна Шпанија денеска се прошири надвор од контролата на пожарникарите, соопштија регионалните власти, додека високите температури...

Свет6 часа

Зеленски: Сочувство до семејствата на оние што ги загубија животите и до сите погодени во катастрофалниот земјотрес во Колумбија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази солидарност со Колумбија откако земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди земјата. „Нашето сочувство...

Свет6 часа

Рубио: Администрацијата на Трамп е подготвена да ѝ помогне на Колумбија

Администрацијата на Трамп „внимателно ја следи“ ситуацијата по земјотресот во Колумбија, објави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Соединетите Американски Држави...