Контакт

Македонија

Двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, тргнато е македонското знаме

Објавено пред

Двоглавиот орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме кое во меѓувреме било поставено на локацијата е отстрането.

Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

„Двоглавиот орел се врати на највисокиот врв на планината Кораб, планина која ги поврзува Македонија и Албанија. Симболот на двоглавиот орел беше отстранет пред два дена од група Македонци, кои го поставија и знамето на Македонија“, пишува „Коха“.

Во објавата се наведува дека новите снимки покажуваат дека македонското знаме сега е отстрането.

Случајот со симболите на Кораб започна откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаше голем метален двоглав орел поставен на врвот. На локацијата беа забележани и албанско знаме и симбол на УЧК.

По реакциите во јавноста, Министерството за внатрешни работи соопшти дека е запознаено со случајот и дека во координација со планинарските друштва и надлежните институции ги проверува околностите.

Според информациите со кои тогаш располагаше МВР, обележјето било поставено од другата страна на врвот Кораб, односно надвор од територијата на Македонија.

Неколку дена подоцна двоглавиот орел беше отстранет од локацијата.

На отстранувањето реагираше Федерацијата на Албанија за планинарство и планински туризам, која тврдеше дека симболот бил поставен од тим албански планинари и побара од албанските институции да го истражат случајот, да утврдат кој го отстранил и да преземат чекори за негово враќање.

Федерацијата во својата реакција се повика и на информацијата од македонското МВР дека местото на кое бил поставен симболот е надвор од територијата на Македонија.

Истовремено, од Федерацијата порачаа дека постапките на поединци не треба да ги нарушат односите и соработката меѓу планинарските заедници од двете земји.

 

Најново

Спорт1 минута

Седлоски: Бев борец како играч, таков сум и сега, не се предавам

Фудбалската репрезентација на Македонија цели 787 минути е без постигнат гол. Во мандаторт на Гоце Седлоски навионалниот тим нема постигнато...

Култура6 минути

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Во организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска...

Македонија9 минути

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите

Министрите за внатрешни работи на Европската унија постигнаа договор за построги правила за враќање на мигрантите. Целта на новите мерки...

Забава11 минути

(Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

Со два милиони пребарувања за #pumpkinspicehair на TikTok, оваа прекрасно топла и пријатна нијанса ги спојува најдобрите бои на есента....

Свет17 минути

(Видео) Кај американски шпион пронајдени 298 златни прачки; призна измама тешка 200 милиони долари

Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом, призна дека извршил измама тешка 200...

Спорт19 минути

Великани се збогуваа со Меси – силни зборови од Роналдињо, Нејмар, Ди Марија, Модриќ…

Лионел Меси го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација, а денот на неговото збогување беше обележан со емотивни сцени низ...

Економија20 минути

Една година во СЕПА: над 5 милиони евра заштеди за граѓаните и компаниите

Народната банка, денес, 7 октомври, одбележува една година од оперативното приклучување на нашата земја кон Единствената област за плаќање во...

Свет23 минути

Венс: Разговараме со иранските лидери, но не знаеме колкава вистинска моќ имаат

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во ексклузивно интервју за „Ројтерс“ изјави дека Иран мора значително да ги намали своите капацитети за...

Забава31 минута

(Фото/Видео) Сите зборуваат за нејзините ќерки, а таа се појави во најкраткиот фустан

Ќерките на Никол Кидман се појавија на Модната недела во Париз, привлекувајќи го вниманието покрај нивната славна мајка за време...