Контакт

Македонија

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика

Објавено пред

Од 9 до 16 август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на алгоритамското програмирање.

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво.

Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков од Штип, Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Виктор Максимоски од Гостивар, предводени од тим лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Во исклучително силна меѓународна конкуренција, Дамјан Давков, освои сребрен медал, додека Владимир Грчев и Никола Стојковски освоија бронзени медали. Виктор Максимоски, пак, освои олимписка пофалба.

Учениците кои се дел од македонскиот тим за ИОИ 2026 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 37-ми пат.

Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И годинава, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос едукација.

Посебно значење има успехот на Дамјан Давков, ученик од Математичко-информатичката гимназија, за кого ова е трет последователен сребрен медал на олимпијада, а во првото од неговите 4 учества освои бронзен медал. Со новиот успех, Давков се издвојува како најуспешниот македонски учесник во историјата на ИОИ, со вкупно четири медали од ова престижно натпреварување.

За Владимир Грчев од училиштето Јахја Кемал и Никола Стојковски од Математичко информатичката гимназија ова е прво учество на ИОИ, што нивниот успех го прави особено значаен. Уште при дебито, двајцата успеаја да освојат бронзени медали, а нивниот резултат е силна потврда дека Македонија има нова генерација талентирани млади информатичари способни за врвни меѓународни остварувања.

Според изјавата на проф. Јованов со овогодишните три медали, од првото учество во 1996 година до сега, Македонија има освоено вкупно 7 сребрени, 26 бронзени медали и 5 олимписки пофалници на ИОИ.

Овој биланс претставува исклучително значаен резултат за земја со помалку од два милиони жители и е потврда за континуитетот, квалитетот и нашата посветеност во развојот на младите таленти во информатиката. Особено е значајно што повеќето од одличјата се освоени во последните петнаесет години, а веќе две години по ред сите четири членови од македонскиот тим се враќаат со одличје.

Интернационалната олимпијада по информатика е водечки светски натпревар во областа на алгоритамско програмирање, наменет за средношколци, кој секоја година се организира во различна земја-членка на ИОИ заедницата. Станува збор за најпрестижниот настан од ваков вид, на кој учествуваат внимателно селектирани млади таленти од целиот свет.

Според официјалните правила на ИОИ, натпреварувачите настапуваат индивидуално во дводневен натпревар, при што секој натпреварувач решава по три алгоритамски задачи во времетраење од пет часа во секој од натпреварувачките денови. Натпреварот ги проверува и унапредува вештините за анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и податочни структури, програмирање, тестирање и оптимизација на решенијата.

Овогодинешата олимпијада е историска и по обемот на учеството од вкупно 375 натпреварувачи од 92 земји, што ја прави најмасовната ИОИ во историјата, почнувајќи од првата олимпијада одржана во Бугарија во 1989 година.

Оваа бројност дополнително ја нагласува тежината на постигнатите резултати на македонскиот тим.

Годинава, најуспешен натпреварувач беше претставникот на Кина, Чивун Шу.

Следната, 39-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2027), ќе се одржи идната година во Постдам, Германија. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Балканската олимпијада по информатика (БОИ), која ќе се одржи во Тирана, Албанија, во периодот од 14 до 20 септември.

Најново

Европа4 часа

Латвија планира да воведе царина од 300 проценти на житото од Русија и Белорусија

Владата на Латвија планира да воведе царина од 300 проценти за житото што доаѓа од Русија и Белорусија, изјави премиерот...

Спорт4 часа

Хамилтон го нападна Ферари по дебаклот во Монца: Oвде не владеат никакви правила

Луис Хамилтон не го криеше своето незадоволство по трката за Големата награда на Италија, за време на која имаше инцидент...

Забава4 часа

(Фото) Клуни „ја изгуби главата“ поради долгите нозе: Амал повторно ја демонстрира модната моќ

Амал Клуни моментално е во Венеција, каде што го поддржува својот сопруг, но и воодушевува со своите модни изданија на...

Забава4 часа

Врската со помлад маж ја „препороди“: Интернетот е „воодушевен“ од секси фотографиите на Кејти Холмс

Кејти Холмс и нејзиното ново момче уживаат на езерото Комо, каде објавуваат заеднички фотографии, и едно е јасно – Кејти...

Спорт4 часа

„Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе“

Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер. Новинарите...

Забава4 часа

Врската помеѓу овие два хороскопски знака е осудена на пропаст

Тие мора да работат напорно за да успеат во нивната врска, бидејќи разликите меѓу нив се премногу големи. Некои комбинации...

Забава4 часа

Хипнотизираше многумина со една фотографија: Го „запали интернетот“ во гаќички и мокра маица

Бела Хадид деновиве ужива на краток одмор со своите пријатели, а нејзината објава на Инстаграм предизвика доста возбуда. По раскинувањето,...

Македонија4 часа

(Фото) 8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на...

Забава4 часа

(Фото/Видео) По овие акробации, дури и најубавите жени на светот ќе и оддадат признание

Никол Шерцингер ја покажа својата неверојатна флексибилност кога изведуваше шпага и други предизвикувачки движења на лет со приватен авион, а...