Контакт

Македонија

Епидемијата во Гостивар се развиваше пред очите на институциите, тие знаеа, но реагираа доцна, велат од СДСМ

Објавено пред

Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, велат од СДСМ.

„Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење.

Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за невообичаеното зголемување на бројот на пациенти.

Надзорот утврдил дека во главниот цевковод е поставена пумпа на диво, без одобрение, која директно вбризгувала вода од река Вардар во водоводниот систем“.

И покрај овие јасни предупредувачки сигнали, прогласувањето на епидемијата додаваат од ова партија, дојде дури откако амбулантите и болниците беа преполни, а бројот на заболени достигна речиси две илјади.

Ова, како што истакнуваат, не е само технички или административен пропуст, туку и прашање на политичка одговорност.

„Институциите имаа должност да реагираат брзо и одлучно уште кога се појавија првите сигнали.

Наместо тоа, чекаа ситуацијата да ескалира“.

СДСМ потсетува дека јавното здравје не смее да биде предмет на доцнење, изговори или политички калкулации.

„Кога постојат јасни индикации за сериозен здравствен ризик, институциите мора веднаш да преземат мерки за заштита на граѓаните, без оглед на тоа дали епидемијата е формално прогласена или не.

Не можеме повеќе да слушаме празни изјави од типот: „Многу скоро ќе се излезе со информација“, „За неколку дена сè ќе биде познато“, „Дел од нив ќе ги дознаете наскоро“, а потоа да се преправаме дека сме „шокирани“ од тоа како е можно ова да се случило.

Граѓаните на Гостивар заслужуваат одговори: зошто се чекаше толку долго и кој ќе сноси одговорност за тоа што предупредувачките сигнали не беа препознаени и пресретнати навреме“.

Најново

Спорт19 минути

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги...

Македонија28 минути

(Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди

Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време...

Култура34 минути

Од њујоршката џез-сцена до Скопје: Dan Pugach со Националниот џез оркестар

На 7 октомври во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со...

Свет52 минути

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура54 минути

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија57 минути

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет59 минути

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника60 минути

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа1 час

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...