Контакт

Македонија

Филипче: Дата центрите имаат нејонизирачко електромагнетно зрачење

Објавено пред

Дата центрите имаат нејонизирачко електромагнетно зрачење, а нивното поставување отвора сериозни прашања за влијанието врз животната средина и условите за живот на граѓаните, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

„Понатаму, што ќе се случи со буката во околината на поставувањето на тие дата центри? Една од причините зошто ги дислоцираат или не дозволуваат развиените земји и поставување на дата центри е тоа што има енормна, неподнослива бука. Понатаму има нејонизирачко електромагнетно зрачење околу. Кој ќе сака да живее во таква средина?“, потенцираше Филипче.

Посочи дека најавите за дата центрите се претставуваат како развој, но остануваат неодговорени низа конкретни прашања за нивното влијание и за тоа каква корист ќе имаат граѓаните.

„Тоа дека дата центрите се некој развој од којшто бенефит ќе видат граѓаните, е само уште еден спин и дефокус на Христијан Мицкоски. Каков бенефит ќе имаат граѓаните од дата центрите? Имаме ли ние доволен капацитет на струја за тие дата центри, таму каде што ќе се? Дали тоа ќе ја повлече целата струја од регионот, од местото во коешто дата центрите ќе бидат лоцирани? Што ќе се случи со цената на струјата, кога ќе има еден таков потрошувач на струја од соодветна околина?“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче посочи и на користењето на водните ресурси, влијанието врз реките и достапноста на вода за земјоделските површини.

„Што ќе се случи со топлата вода која ќе треба да се врати некаде? А која ќе се зема од реките? Ќе се уништи ли природниот свет во реките? Што ќе се случи со капацитетот на водата? Ќе има ли вода за наводнување на земјоделските површини? Тоа никој не го кажува. Понатаму, ќе има ли зголемена потреба за увозна струја? И да резимирам, лага е дека тоа е напредок на земјата. Напредок на земјата се добри економски политики, мерки за граѓаните, зголемување на платите, зголемување на минималната плата, мерки за граѓаните кога има криза, како сега што има со горивата поради војната во Блискиот Исток, добри пензии, не да ги крадат пензиите, со линеарно зголемување, понатаму реформи на системот и Европа. Нема друга формула за успех. Сè друго е само еден спин во бизнис интерес на власта и на никој друг“, рече Филипче.

Најново

Економија10 минути

„Алта банка“ Битола има здрав биланс, администрацијата ќе ја штити позицијата до изнаоѓање нов сопственик, рече Славески

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето...

Македонија20 минути

ВЛЕН бара истрага за трансакциите со Алта банка и поврзаноста со семејниот круг на Ахмети

Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската...

Македонија24 минути

Сиљановска-Давкова: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби...

Македонија26 минути

Пред нас се топли денови, но викендот носи пад на температурите

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува...

Економија34 минути

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација, Народна банка реагираше навремено

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се...

Економија39 минути

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон „Алта банка“, средствата се во Трезорот, финансиската стабилност е сигурна

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска...

Забава1 час

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија2 часа

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија2 часа

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...