Македонија
(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ?
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната собраниска седница за прашања од опозицијата, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, во однос на менаџирањето на кризата, заштитата на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите.
„Кризата со војната во Иран започна во последните денови на февруари. Се случуваат работи кои што беа очекувани и на кои што предупредуваа експерти, аналитичари. Односно тоа е дека цената, растот на цената на нафтата ќе влијае на раст на сите други продукти, цени кои што се во директна или индиректна корелација. Апелиравме да владата превземе навремено мерки за да не се случи да започне спиралата на зголемување на цените на останатите продукти. За жал тогаш во првите денови на кризата владата не реагираше никако. Предупредувавме дека ќе пораснат цените на храната, на транспортот, останатите услуги и токму тоа сега се случува“, рече Филипче.
Тој вели дека основните прехранбени продукти поскапеле и тоа за 5 до 10% лебот, маслото, шеќерот, солта, основните месни, млечни производи, а за над 200 до 300% се поскапени овошјето и зеленчукот.
Во врска со тоа што во Македонија има најниски цени на гориво во регионот, Филипче вели дека мора да се води сметка и за тоа какви се платите.
„Ќе кажете имаме најниски цени во регионот. Меѓутоа една Хрватска и Словенија имаат слични цени на горивата како кај нас. За стандардот да не зборуваме. Таму минималната плата не е 400 евра, таму 1.000 односно 1.500 евра. Така што кога кажуваме колкави се некои цени мораме да водиме сметка какви се и платите и каков е и стандардот на граѓаните. Во време на менаџирањето на кризите Украина, ковид кризата имаше и дополнителни мерки кон одредени категории на граѓани. Имаше субвенција за плати, имаше субвенција за пензионери од 1.500 до 3.000 денари, имаше ваучери студентски од 1.500 до 2.000 денари. Значи имаше поддршка на одредени категории на граѓани, а во смисла на социјална помош, загрозени, со посебни потреби и така натаму. На луѓето им е потребна директна финансиска помош. Мерките кои што сега се предлагаат апсолутно немаат никаков ефект, односно граѓаните не ги чувствуваат“, рече Филипче.
Дополнително, вели тој, има три други параметри кои што укажуваат дека е потребна посебна помош и во стопанството, односно економијата.
„Има пад на индустриското производство во однос на лани 6% а овој месец во однос на претходниот 13,9%. Намалени се странските инвестиции во однос на лани скоро третина од тоа што консекутивните мерки и политики на владите на СДСМ доведоа да има рекордни инвестиции во 2024 година од милијарда 200 милиони евра. Се затвораат фабрики и работниците остануваат на улица. Близу 1.500 работници изминативе месеци се останати без своите работни места. Дел од текстилните фабрики на истокот, дел од зоните економски кои што ги затвораат своите капацитети“, рече Филипче.
Според лидерот на СДСМ, сите овие работи укажуваат дека економската состојба не е добра, дека граѓаните едноставно не можат да преживеат.
„Моето прашање е, зошто не ги прифаќате мерките кои што навистина ќе дадат ефект? Еве сега имавме предлог на закони. Дали планирате сега? Не после велигденските празници, на луѓето сега им се потребни мерки? Кој знае како ќе биде после велигденските празници, како ќе се одвива кризата. Мерки кои што ќе бидат за таргетирани групи на граѓани коишто ќе значат директна финансиска поддршка“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од селата Горно и Долно Соње, Говрлево, Виничиште, Чифлик и село СВ. Петка, општина Сопиште;
– во периодот од 10.30 до 13.30 часот, корисниците на дел од улица Рузвелтова бр. 11 и 13, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Времето во наредните денови
Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. До среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Мицкоски: На изборите во Бугарија гласаат само 250 од 200-те илјади македонски Бугари на Радев
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, посочи дека на изборите во Бугарија се пријавиле само 250 граѓани од Македонија, додека Румен Радев и луѓето околу него заговараа бројки од 200 илјади граѓани во земјава кои се определуваат како Бугари.
„Очекував излезеноста да биде малку поголема“, искоментира Мицкоски.
Премиерот очекува од овие избори да произлезе јасно проевропски ориентиран премиер кој ќе биде фокусиран на добрососедските односи, наместо на билатералните спорови и ќе биде промотор на Копенхагеншките критериуми.
Бугарија денес гласа, а за главен фаворит според анкетите се смета новоформираната партија „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев.
