Контакт

Македонија

„Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Веќе е јасно дека за се што е во интерес на граѓаните и за секој проект што носи развој и инвестиции, талогот на СДС предводен од Венко Филипче е против. И во контекст на дата-центрите, односно центрите за податоци, Филипче повторно се обидува да ја спинува темата и да создава неоправдана загриженост кај граѓаните, наместо да ги согледа придобивките“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Развојот на дата-центрите е можност за привлекување инвестиции, развој на нова индустрија, отворање нови работни места и напредок на државата.

Јасно е кажано дека електричната енергија ќе се набавува на пазар или од обновливи извори, додека за ладењето на дата-центрите постојат повеќе различни решенија. Тоа значи дека манипулациите со наводна опасност за водните ресурси не ја кажуваат целата слика.

Сегашен пратеник и поранешен премиер од редовите на СДС, Димитар Ковачевски, јавно кажа дека не го дели ставот на Филипче за ова прашање.

Значи, Филипче не само што е против проектите на Владата, туку е против секој па дури и сопартијци кои препознаваат дека развојот на оваа индустрија може да биде од корист за државата.

Филипче зборува за цената на електричната енергија и за користењето на водата, но кога веќе се дадени конкретни објаснувања за овие прашања, останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение, туку по секоја цена да биде против.

Граѓаните заслужуваат политика што ќе поддржува инвестиции, нови индустрии и економски развој, а не политика на постојано кочење од страна на опозицијата и политички спинови“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Свет58 минути

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија1 час

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија1 час

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија1 час

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија3 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет3 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија3 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...