Контакт

Македонија

(Видео) Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

Објавено пред

Денес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава – твоја шанса“.

Во обраќањето, Филипче посочи дека целта на овој Конгрес не е да биде само свечено усвојување на нова идеолошка платформа, туку  враќање на СДСМ кон суштината на социјалдемократијата.

„Денес сме собрани не само за да изгласаме документ. Туку да одлучиме дали СДСМ ќе стане тоа што отсекогаш требало да биде: совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек и политичка храброст во моменти кога таа е најпотребна. Денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет. Тој завет почнува од трудот. Од работникот што станува рано, а легнува со страв. Од жената што работи две смени секој ден, едната за плата, другата дома без никакво признание. Од младиот човек што учи, дипломира и пак не знае каде ќе заврши додека мечтае да отпатува во еден правец. Од земјоделецот што ја знае цената на секоја капка пот, а не ја знае цената по која ќе му го откупат родот. Од малиот стопанственик што плаќа сè додека големите бизниси наоѓаат дупки во системот. Од пензионерот што не бара луксуз, туку едноставно сака мир“, рече Филипче.
Во воведното обраќање пред членовите на СДСМ и коалицијата, пред сестринските социјалдемократски и прогресивни партии од Европа и регионот, и пред другите присутни гости, Филипче порача дека вистинската социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот на граѓаните.

„По висината на платата, по правото на лекување, по квалитетот на училиштето, по достоинството на пензионерот, по сигурноста на работникот, по шансата на младиот човек да остане дома не од инает, туку од надеж. Таа не верува во милостина, туку во праведност. Социјалдемократијата значи траен систем што му овозможува на секој чесен човек да живее од својот труд. Тоа е и духот во кој европските социјалдемократски партии ги дефинираат своите вредности: демократија, слобода, еднаквост, солидарност и правда“, рече Филипче.

Тој додаде дека Социјалдемократијата никогаш не била само партиска боја, ниту изборен украс, ниту пак збор што убаво звучи во кампања. Социјалдемократијата е длабоко човечка идеја.

„Таа почнува од едно едноставно, но големо убедување: дека државата не постои за силните да станат уште посилни, туку за послабите да не останат сами. Дека слободата без еднаква шанса е привилегија. Дека пазарот без правила станува џунгла. Дека профитот без одговорност станува алчност. Дека патриотизмот без грижа за обичниот човек е само мачкање очи“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Најново

Забава4 минути

Луис Хамилтон сподели фотографии од одморот со Ким Кардашијан

Луис Хамилтон сподели интимни моменти од неодамнешниот одмор со Ким Кардашијан. На фотографиите што ги објави, Ким Кардашијан и нејзините...

Забава5 минути

(Фото/Видео) На филмската премиера дојде со ќерка си, а со својот стајлинг ги воодушеви сите

Оскаровката Шарлиз Терон пристигна на премиерата на филмот „Одисеја“ во Њујорк во исклучително и секако најпријатно друштво за неа. До...

Забава13 минути

(Видео) Славниот кошаркар во Дубровник: Сега сум Шекил О’Ниловиќ, ги сакам Хрватите

На интернет се појави видео од кошаркарската легенда и диџеј Шекил О’Нил, кое ги воодушеви Хрватите. „Јас не се викам...

Култура22 минути

Филм, театар и музика вечерва на Скопско лето

Вечерва, 17 јули, ќе се одржат три настана на програмата на 47. издание на фестивалот Скопско лето. Во Кинотека на...

Македонија24 минути

По 10-минутна потера фатен косовскиот државјанин кој насилно ја преминал границата и повлекол цариник со возилото: пронајдена дрога и оружје

Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал...

Македонија30 минути

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи...

Спорт33 минути

„Лапорта многу добро знае каде ќе игра Алварез следната сезона“

Кој и да го освои финалето на Светското првенство во недела, Атлетико Мадрид ќе ги има своите шампиони. Во множина,...

Македонија34 минути

Муцунски во Вашингтон: Кога насилството се користи за замолчување на политичкиот говор и заплашување избрани функционери станува збор за организирано политичко насилство

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...

Топ40 минути

Кривична против вработена во Министерството за здравство: не извршила контрола во фирма за производство на медицински канабис

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно...