Контакт

Македонија

Филипче: Мицкоски е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција упати остри критики до Христијан Мицкоски и го нарече лажго.

„Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече Филипче.

Тој го спореди однесувањето на премиерот со барон Минхаузен, оспорувајќи го образложението дека намалувањето на даноците на горивата е причина за ребалансот.

„Гледаме дека се најавува ребаланс. Повторно премиерот, во негов манир, во манирите на барон Минхаузен, кажува дека поради тоа што се намалила акцизата и ДДВ-то на горивата, треба да се прави ребаланс на буџетот. Ако недостатокот е околу 130 милиони евра, треба да се знаат вистината и фактите во однос на ДДВ-то и акцизата кај горивата“, рече претседателот на СДСМ.

Тој додаде дека причините за недостигот на средства треба да се бараат во планирањето на буџетот и во управувањето со економијата.

„Уште една лага на Христијан Мицкоски. Што е вистината? Не е добро испланиран буџетот. Нема добра наплата, нема искористеност на капиталните инвестиции, предупредувавме на ова кога се носеше буџетот и сега што останува? Нови задолжувања. Зошто? Поради тоа што лошо се менаџира економијата“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека власта не може целиот недостиг во буџетот да го оправдува со кризата.

„Милијарда евра фалат во буџетот. Не е за тоа виновна кризата. Да, има свој придонес, меѓутоа не до тој степен да треба нов ребаланс на буџетот. Лошо водење на економијата и на финансиите доведува до тоа да фалат милијарда евра во буџетот“, рече Филипче.

Најново

Спорт2 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...