Контакт

Македонија

Филипче: Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори

Објавено пред

Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, како што рече, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им било оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања

„Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на опозицијата, сведочевме на оркестрирана блокада со маневри со кои беше потрошено времето предвидено за пратенички прашања. Изрежира таму Весна Бендевска проблем. Една пауза па уште една пауза. Очигледно е дека немаат одговори на прашањата што ги поставуваме. Факт беше дека деловникот е прекршен, пратеничка не добила одговор во рок од 20 дена, одлучи да ја блокира говорницата за да добие одговор и таа го доби одговорот. Нејзиното барање звучи логично, ги искористи мхенизмите. После тоа пратеничката доби одговор, и стигна писмен одговор, па потоа презема Весна Бендевска која изрежира проблем“, рече Филипче.

Тој посочи дека ова е само уште еден показател за континуираното непочитување на Собранието и неговата уставна улога.

„Собранието одамна не ја извршува својата функција како што треба. Законите се носат по скратена постапка, се прекршува Деловникот, а сега се злоупотребуваат и процедуралните механизми за да се избегне парламентарната контрола на Владата. Пратеничките прашања се сериозен демократски инструмент и никој нема право да го обезвреднува нивното значење“, рече лидерот на СДСМ.

Филипче нагласи дека најголема штета од ваквото однесување не трпи опозицијата, туку граѓаните, кои остануваат без одговори на прашањата што нивните избрани претставници ги поставуваат во Собранието.

„Ние бевме подготвени. Имавме четворица пратеници, подготвени материјали, аргументи и прашања. Но, наместо одговори, власта избра да избега од дебатата“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Најново

Македонија2 минути

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет4 минути

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника5 минути

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа6 минути

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...

Свет7 минути

„Аксиос“: Трамп не се спротивставил на британските санкции против израелските населби

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се спротивставила на иницијативата на Велика Британија за воведување нови санкции против израелските...

Спорт13 минути

Куртоа повторно ја напушти Белгија

Тибо Куртоа (34) дефинитивно нема да игра за белгиската репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации. Тој ја донесе...

Економија19 минути

„Зелени идеи“ бара нови импакт-бизниси, пријавувањето трае уште една недела

Здружението „АРНО“ потсетува дека остануваат уште седум дена до затворањето на националниот натпревар „Зелени идеи“, на кој можат да аплицираат...

Македонија22 минути

Левица: Испраќањето пратки преку Македонска пошта кон САД е речиси невозможно

До политичката партија Левица деновиве пристигнале повеќе алармантни дописи од граѓани и мали стопанственици околу колабирањето на Македонската пошта, соопшти...

Македонија23 минути

„Тошковски го штити кумашинот Јанушев“, велат од СДСМ

„Скандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност. Според...