Контакт

Македонија

Филипче: Охридскиот договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот

Објавено пред

По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата.

Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта на Мицкоски повторно ги разгорува поделбите и создава атмосфера на страв и омраза.

„Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија. Токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби“, вели Филипче.

Додаде дека Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата.

„По 25 години, сите имаме должност да ја градиме иднината на Македонија низ соживот, еднаквост и меѓусебно почитување – а не со поделби, навреди и омраза. Но токму во овие денови го гледаме спротивното. Криминалната група ВМРО и Мицкоски ја водат класичната кампања на Ванчо Михајлов – кампања за ширење омраза и поделби. Народот го нарекуваат „талог“. Ги делат граѓаните. Создаваат непријател. Сеат страв. Додека зборуваат за мир и соживот, во пракса прават сè за да го уништат. Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава – дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја. Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“. Со вистина, со правда и со достоинство“, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Најново

Спорт1 минута

(Видео) Халанд погоди за триумф на Сити, Палас по пресврт го победи Фулам, Тотенхем и во третиот меч не постигна гол

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Ковентри со 1:0 во 3. коло од Премиер лигата. Домашниот тим поведе во 26....

Забава16 минути

Ќе ја сретнат својата сродна душа до крајот на 2026 година: Само еден знак ќе го оствари овој сон

До крајот на годината, ѕвездите ќе бидат особено поволни за еден хороскопски знак, кој би можел да запознае нова љубов...

Забава35 минути

(Фото) Алкараз во врска со секси русокоса? Нејзините фотографии во бикини го засенија Отвореното првенство на САД

Сите пишуваат за потенцијалната девојка на Карлос Алкараз, и иако нема официјална потврда за тоа, нејзината популарност расте од ден...

Забава57 минути

Чини малку, но прави чуда: Моќно решение поради кое сите растенија цветаат „како луди“

Раствор за наводнување на цвеќиња од околу 50 денари ги обновува зелените лисја и бујните цвеќиња. Состојките се во секој...

Забава1 час

(Фото/Видео) Најбараната убавица блесна во винтиџ фустан: По голите изданија – ова е сензација

Кендал Џенер за прв пат прошета по црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, а нејзиното деби дефинитивно ќе се...

Забава2 часа

(Фото) Магијата наречена Амал Клуни: Сите гледаат во нејзиниот блескав фустан

Во наредните денови ќе уживаме во модните изданија на Амал Клуни, ненадминатата кралица на елеганцијата. Познатиот актер Џорџ Клуни и...

Европа2 часа

Путин одеднаш нареди запирање на нападите врз Киев: ова е причината за прекинот на огнот

Рускиот претседател Владимир Путин нареди да престанат нападите врз Киев три дена, почнувајќи од полноќ, со цел да се подготват...

Македонија2 часа

Времето утре – сончево и топло: ќе дува засилен ветер од северен правец

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец,...

Забава2 часа

(Фото) Шеесетите се повторно „ин“: Памела Андерсон ги носи најдобро

Памела Андерсон изгледаше стилски како и секогаш, и покрај тоа што помина повеќе од осум часа во авион од Њујорк...