Контакт

Македонија

„Филипче проговори за скандалот тежок 37 милиони евра дури откако се скара со Петровска, Обвинителството да го повика на информативен разговор“, бара ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден 37 милиони евра, поврзан со периодот кога Петровска беше министерка за одбрана. Филипче да не молчи и да престане со двојните аршини, доколку навистина се залага за европски вредности и борба против корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче да каже од кога знаел и зошто за овие наводи Филипче не зборувал порано? Ако со вакви информации располагал зошто не ги доставил до надлежните институции? Дали станува збор за сознанија што ги имал и претходно, или за тема која ја отвори дури откако започна политички судир со Петровска?

Ова не смее да остане на ниво на меѓусебни обвинувања. Ако Филипче има докази, нека ги достави до ЈО. Ако има сознанија, нека ги обелодени.

Бидејќи кога се зборува за 37 милиони евра, не станува збор за внатрепартиска кавга, туку за јавен интерес и за одговорност пред граѓаните.

Затоа Филипче ако знаел, зошто молчел, а проговори дури откако се скара со Петровска?

Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најново

Забава20 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа29 минути

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион39 минути

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...

Свет52 минути

Шефицата на Европската централна банка си заминува: два кандидати во трка за нејзин наследник

Шпанецот Пабло Ернандес де Кос и Холанѓанецот Клас Нот се двајцата кандидати за позицијата нов претседател на Европската централна банка...

Забава1 час

Финансиска пресвртница: Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат таков прилив на пари, што ќе ги решат сите свои проблеми

За три хороскопски знаци доаѓа крај на сиромаштијата, што се совпаѓа со Младата месечина во знакот на Шкорпија. Зголемувања на...

Забава1 час

(Фото/Видео) „Најсекси пензионерката“ има тело од соништата: Позираше во минијатурно бикини во петтата деценија

Алесандра Амбросио повторно престојува на Бали – истото место каде што Бак Палмер неодамна ја побара за жена. Промената на...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Контроверзната манекенка ги „заборави“ панталоните

Кара Делевињ претвори еден преголем црн блејзер со масивна, скулптурална јака во вистински моден спектакл – нешто што само таа...

Култура2 часа

Викендов на СФФ2026: Фокус на слободата на говорот, европски краткометражни филмови, психолошки драми и регионални соработки

Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз...

Култура2 часа

Амбасадата на Грција го најавува концертот на Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo

Амбасадата на Грција во Скопје со задоволство го најавува концертот на ансамблот Maria Kostraki – Mosaico Mediterraneo, којшто ќе се...