Контакт

Македонија

Филипче: Споменот на Гешовски потсетува колку скапо чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Кавадарци положи цвеќе и оддаде почит на Сашко Гешовски, кој пред 35 години како припадник на тогашната ЈНА, го загуби животот и беше првата жртва од Македонија во конфликтот што го предизвика распадот на Југославија.

Филипче во објава на социјалните мрежи порача дека војната што се случи во 90-тите години никогаш не семее да се повтори и треба да биде силен потсетник колку скапо може да нè чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда.

„Денеска во Кавадарци, положив цвеќе и оддадов почит на Сашко Гешовски, кој пред 35 години како припадник на тогашната ЈНА, го загуби животот и беше првата жртва од Македонија во конфликтот што го предизвика распадот на Југославија. Тогаш, политиката на омраза, националистичка пропаганда и вештачки создадени поделби втурнаа во војна и крв целата земја.

Овој конфликт кој никогаш не смее да се повтори, треба да биде силен потсетник колку скапо може да нè чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда. Тогаш благодарение на мудрите политики, претседателот Киро Глигоров, ја обезбеди независноста на Македонија.

Денес, повторно сме сведоци на исти опасни реторики на омраза, вештачки поделби и националистичка пропаганда. Христијан Мицкоски систематски го дели општеството, поттикнува меѓунационални тензии, намерно создава конфликти со Бугарија и со Грција, фабрикува вести и дезинформации, загрозувајќи ја иднината на државата.

СДСМ нема дозволи Мицкоски и неговата ВМРО-ОКГ да не вратат во 90-тите години – во изолација, сиромаштија и поделби, само за да ја заштитат својата власт и своите тендери. Секогаш ќе стоиме на страната на мирот, единството и европската иднина на Македонија“, посочи во објавата Филипче.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Полицијата одзеде автобус што превезувал ученици по пријава за дефекти на патот

Објавено пред

Автобус кој превезувал ученици од екскурзија бил одземен за вонреден технички преглед на автопатот Велес–Скопје, откако претходно бил пријавен поради дефекти за време на патувањето.

Како што информираа од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете се наоѓало во автобусот со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје.

Според пријавата, автобусот неколкупати се расипувал за време на враќањето од екскурзијата.

„На 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје. Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност“, велат од МВР.

Учениците и останатите патници биле безбедно пренесени до крајната дестинација со друг автобус.

Од полицијата најавија дека по целосното расчистување и документирање на случајот, како и по завршувањето на вонредниот технички преглед, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски дојде на власт со лаги за Преспанскиот договор и враќање на името, кажа Филипче

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска кажа дека премиерот Христијан Мицкоски дошол на власт, како што рече, „со лаги и манипулации“ за Преспански договор, државното име и европската иднина на земјата.

Тој посочи дека Мицкоски во предизборниот период ветувал поништување на Преспанскиот договор, враќање на старото уставно име и раскинување на договорот за добрососедство со Бугарија, но дека тоа не се случило по преземањето на власта.

„На било каква порака која ја пуштаме дека е потребна Европа, тие ги пуштаат своите ботови, лажни вести и не напаѓаат дека сме предавници. Па тие дојдоа на власт со лажна кампања дека СДСМ имала предавнички политики. Премиерот ветуваше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, ќе го враќа името и ќе го поништи договорот за добрососедство со Бугарија поради тоа што биле предавнички. Ако биле предавнички, зошто не го прави тоа? Тоа значи дека не биле“, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ оцени дека, според него, блокадата на европската перспектива на државата била поради страв од европски механизми за контрола и одговорност.

„Единствената причина поради која ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја блокираат европската иднина е стравот од одговорност европска контрола и европско обвинителство. Луѓето не сакаат напред во Европа, не сакаат европска контрола на системот. Зошто сакаат да продолжат да крадат народни пари преку наместени тендери. Тоа е суштината“, истакна Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: ВМРО користи гебелсови методи, лаги и измислени непријатели

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ користи „гебелсови методи“ за комуникација, преку ширење лажни вести, оцрнување на политички противници и создавање вештачки непријатели.

Во изјава за медиумите, Филипче рече дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се засноваат на пропаганда која, според него, се спроведува преку мрежа на медиуми поврзани со поранешниот унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„ВМРО соработуваше со фашистите, а и сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, идентификување на лажни внатрешни предавници и надворешни непријатели. Сето тоа користејќи ја орбановата мрежа на медиуми тука кај нас, кога гледаме постепено во Унгарија почнува да се распаѓа“, рече Филипче.

Тој додаде дека во Унгарија започнал процес на расчистување со криминали поврзани со владеењето на Орбан и оцени дека тие случаи се поврзуваат и со структури блиски до премиерот Христијан Мицкоски.

„Еве денеска нова влада во Унгарија формира новиот премиер Петар Маѓар и најави дека веќе од утре ќе почне да се расчистува со сите криминали во сите сектори на Виктор Орбан коишто по секоја линија тука Македонија водат до Христијан Мицкоски и неговиот периметар“, изјави Филипче.

Според него, „поврзаноста меѓу владата на Мицкоски и структурите блиски до Виктор Орбан, се гледа преку договорите и проектите со Унгарија и медиумското влијание во државата“.

„Прво прашањето со кредитот од Унгарија милијарда евра е задолжена земјата за да само некои фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ користат некакви кредити. А сите ние преку нашите даноци, сите граѓани ги плаќаат тие кредити за само селектирани компании. Потоа прашањето со пругата, прашањето со телекомот и најважното прашање кое што еве таму се отвара, веќе тие медиуми во Унгарија се распаѓаат, луѓето почнуваат да се извинуваат за лажните вести кои што ги ширеле, и тоа ќе се случува и кај нас“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија35 минути

Димитриеска-Кочоска: Геополитичката нестабилност носи нови економски предизвици, приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата...

Свет41 минута

Авион во САД удрил и усмртил пешак на пистата при полетување

Патнички авион на компанијата Frontier Airlines усмрти пешак на пистата на Меѓународниот аеродром Денвер во САД, во инцидент што се...

Свет46 минути

Британскиот разурнувач „HMS Dragon“ се префрла кон Блискиот Исток поради зголемени тензии околу Ормутскиот теснец

Британскиот воен брод „HMS Dragon“ се префрла од источниот Медитеран кон Блискиот Исток, во услови на зголемена загриженост за безбедноста...

Европа51 минута

Петер Маѓар и официјално нов премиер на Унгарија

Петер Маѓар денеска положи заклетва и официјално стана премиер на Унгарија, по изборна победа над долгогодишниот премиер Виктор Орбан. Маѓар...

Европа54 минути

По 12 години, знамето на ЕУ повторно ќе се вее над унгарскиот парламент

Новата претседателка на Унгарски парламент, Агнеш Форстхофер, денеска најави дека знамето на Европска Унија повторно ќе биде поставено на зградата...

Спорт1 час

(Видео) Брилијантна победа на Хорхе Мартин, ужасен пад на Марк Мркез

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, славеше во спринт трката што се возеше во рамките на Големата награда на Франција, петтата...

Спорт1 час

(Видео) Нерешениот резултат во Ливерпул не му оди во прилог на Челзи

Фудбалерите на Ливерпул и Челзи одиграа нерешено 1:1 во 36-то коло од Премиер лигата. Гостите од Лондон, не победија, но...

Свет1 час

(Видео) Шатори, коридори и полициски блокади: Тенерифе се подготвува за пристигнување на крузерот со хантавирус

Поради пристигнувањето на крузерот „MV Hondius“, во Тенерифе се спроведуваат силни безбедносни подготовки, откако на бродот беа потврдени случаи на...

Спорт2 часа

Иран потврди дека ќе учествува на Мундијалот

Иранската фудбалска федерација во саботата потврди дека националниот тим ќе учествува на Светското првенство во 2026 година, но во исто...