Контакт

Македонија

Филипче: Во мое време немаше труење, ниту во Гостивар

Објавено пред

Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар, му одговори претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Мицкоски по обвинувањата дека додека тој бил министер за здравство, јавноста не била информирана за случаи со неисправна вода за пиење.

„Во мое време немаше труење, а немаше ни епидемија во болницата. Имаше ли епидемија во Гостивар? Немаше. Имаше ли труење? Немаше. Мицкоски вчера мавташе со нешто, со некој документ, ама освен што мавта со обвинителство, тој и ништо друго не прави“, рече Филипче, на денешниот брифинг со новинарите.

Филипче потсети на состојбата со водата во Гостивар, потенцирајќи ги задоцнетите реакции на институциите и мерките кои доаѓаат откако проблемот веќе добил сериозни размери.

„Водата во Гостивар е показател дека сите реакции задоцнуваат. Дури денеска Министерството за здравство носи некакви препораки за рано детектирање и откривање симптоми, детекција на пациенти, кога веќе епидемијата има многу силен замав. Сега стигнуваат препораки од Комисијата за заразни болести. Пред две недели предупредив дека следно што може да се јави е хепатит. Максимално несериозна импровизација и задоцнета реакција. Нема ниту одговор какви превентивни мерки се преземаат за тоа што евентуално може да се јави како резултат, како компликација на сегашната состојба. Ако има таква вода, следно се нечисти раце, нечиста вода, следно е хепатит. Тоа се знае. Тоа се учи во средно медицинско училиште, не се учи на факултет“, порача Филипче.

Тој реагираше и на препораките граѓаните да користат техничка вода, посочувајќи дека институциите мора да дадат јасни одговори за нејзината безбедност и потекло.

„Има вода која е загадена со колиформни бактерии, која не само што не е за пиење, туку не е ни за туширање, а се дава препорака да се користи, замислете, техничка вода. Како ќе ја користат? Од каде е таа техничка вода? Кој ја контролира техничката вода? Од каде рестораните имаат техничка вода? Храната се мие со таа вода. Како стигнува водата до луѓето? Кој е овој степен на импровизација?“, рече Филипче.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Олимпијакос од -28 до триумф во Валенсија, Црвена звезда со звукот на сирената победи во Вилербан

Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата. Нестварен натпревар одиграа овие два...

Спорт4 часа

(Видео) Интер и Баерн се изрезилија во Лигата на шампионите

Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж...

Спорт5 часа

(Видео) Атлетико го победи Манчестер Јунајтед, Барселона со блиц-криг славеше во Истанбул, Виљарела по пресврт го победи Наполи

Атлетико Мадрид го победи Манчестер Јунајтед со 2:0 (1:0) во Лигата на шампионите и ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“....

Свет6 часа

Вадефул: Украина не ја започна војната, Русија мора да го направи првиот потег

Русија мора да биде првата што ќе „направи потег“ и ќе покаже дека е подготвена да преговара за ограничен прекин...

Свет6 часа

Захарова: Киев се обидува да ги дестабилизира пазарите на енергија и храна

Режимот во Киев намерно се обидува да го дестабилизира пазарот на енергија и храна со напаѓање на танкери, изјави Марија...

Свет6 часа

Кралот на Шпанија: Суверенитетот и територијалниот интегритет над Сеута не се предмет на преговори

Суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија над Сеута, енклава на северот од Африка, се несомнени и не се предмет на...

Забава6 часа

Се заљубуваат, па бегаат: хороскопски знаци кои се повлекуваат токму кога некој им станува важен

Според астрологијата, овие четири знаци знаат да се повлечат токму кога ќе почнат да чувствуваат нешто сериозно. Кореспонденцијата трае до...

Забава7 часа

Мајкл Даглас открива што му го спасило бракот со Кетрин Зета-Џонс

Мајкл Даглас објасни дека тој и неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс морале да се променат за да го спасат својот брак...

Спорт7 часа

Историски триумф на Сабах во Лигата на шампионите, Спортинг победи во Ленс

Фудбалерите на Сабах ја забележаа својата прва победа во Лигата на шампионите, вечерва ја победија ја Славија Прага во Баку...