Македонија
(Фото) 63 празни столчиња за 63 животи поставени во паркот во Кочани
Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани почна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Денеска во НЦУК „Бели Мугри“ ќе се одржи комеморативен настан во спомен на загинатите во пожарот во Кочани.
Највисоките државни и локални претставници, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, присуствуваа на комеморативната церемонија во Градскиот парк во Кочани и се потпишаа во книгата на жалост.
Викендов со различни настани беше одбележана годишнината од трагедијата. Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани беше промовирана книгата „Ќе те има“, од авторката Марина Стојчевска. Како што беше истакнато на промоцијата, станува збор за стихови посветени на сите починати млади луѓе во трагичниот пожар од 16 март 2025, а инспирирани од Спире Стоименов, апсолвент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство во Скопје.
Вчера во Центарот за култура „Бели мугри“ се одржа и настанот „Кочани ви благодари“, посветен на изразување почит и благодарност до сите што помогнаа во лекувањето и заздравувањето на повредените во трагичниот пожар. На настанот беа доделени благодарници на медицински установи, екипи и поединци од државата и од странство, кои со својата стручност, пожртвуваност и хуманост дадоа значаен придонес во грижата за повредените по трагедијата. Во културно-уметничкиот настапоија Симон Трпчевски, Игор Дурловски, Јована Зајкова, Бобан Русески, Зарина Првасевда…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со пиштоли, сокриени во грмушки чекале да убијат возач оти при разминување им се допреле ретровизорите, Обвинителството побара притвор за двајца браќа
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – убиство во обид.
„На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во опасност и животот на двајца други оштетени. Повод за тоа било претходен сообраќаен инцидент во кој братот на оштетениот и првоосомничениот со нивните возила, на разминување, се допреле со ретровизорите и започнале вербална расправија. Осомничениот го фатил за врат и му се заканил, но двајца сведоци на настанот успеале да ја смират ситуацијата. Нападнатиот ја зел сопругата од работа и го повикал брат му за да провери дали по истиот пат можат безбедно да се вратат назад. Во близина на местото на првиот инцидент, во една од грмушките, двајцата осомничени браќа со пиштоли ги очекувале да поминат. Првоосомничениот испукал два куршумa, при што го погодил братот на првично нападнатиот во главата, нанесувајќи му тангенцијална повреда, а ги загрозил и другите две лица“, соопшти Обвинителството.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности укажуваат дека ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го довршат обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени соизвршители
Uncategorized
Муцунски утре во Босна, со колегата Елмедин Конаковиќ ќе разговара за европската перспектива на регионот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оди во еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина. Ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ, најави неговата ПР – служба.
Посетата се реализира на покана на министерот Конаковиќ, а двјцата министри ќе разговараат билатералните односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес.
На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија, а ПР – службата на министерот извести и дека ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија.
Македонија
Филипче доби поддршка од сестринските социјалдемократски партии од регионот на 32 Конгрес
