Контакт

Македонија

(Фото) Криел десет DELL лаптопи во изнајмено возило – го фатија цариниците на Богородица 

Објавено пред

Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица, извести Царинската управа.

Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL.

Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот, откако во Солун од карго-компанија подигнал десет преносни DELL компјутери, со намера да ги криумчари, на паркинг простор во Грција ги скрил на различни места во возилото со кое патувал.

Против лицето, поднесена е кривична пријава до ОЈО Гевгелија поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, соопшти Царинската управа.

Најново

Црна хроника15 минути

Пронајдени пиштол и ловечка муниција при претрес во валандовско, уапсен 43-годишник

Пиштол и ловечка муниција биле пронајдени при претрес во дом во селото Казандол, валандовско, а 43-годишниот сопственик бил лишен од...

Свет30 минути

(Видео) Илјадници Португалци на протести во 32 града поради станбената криза, бараат контрола на кириите и заштита од иселување

Илјадници луѓе денеска излегоа на улиците во 32 града низ Португалија, барајќи од владата итни мерки за справување со сè...

Свет39 минути

Трамп, Путин и Си Џинпинг следната недела на историска трилатерална средба во Кина – ќе разговараат за нуклеарното оружје

Трамп, Путин и Си Џинпинг планираат историска трилатерална средба следната недела во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска...

Македонија1 час

Меџити во Историската чаршија во Бурса: Размената на искуства со еснафите во функција на ревитализацијата на Старата скопска чаршија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамките на официјалната посета на Турција, ја посети Историската чаршија во Бурса, каде...

Македонија1 час

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата, велат од СДСМ. „Кога ги откривме...

Црна хроника1 час

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и вознемирувал поранешната партнерка

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по пријава дека агресивно се однесувал кон 43-годишна жена со која бил во врска,...

Спорт1 час

(Видео) Евроголовите на Винисиус се мала утеха, Јапонија го шокираше Бразил

Јапонската фудбалска репрезентација го победи Бразил со 3:2 во уште еден пријателски натпревар меѓу двата тима. Ова е втора победа...

Спорт2 часа

Фенербахче подготвиле 10 милиони за Чалханоглу

По Ромелу Лукаку и Мејсон Гринвуд, Фенербахче ќе се обиде да го обезбеди потписот на Хакан Чалханолу, кој не сака...

Црна хроника2 часа

Пријавен 50-годишник од Пехчево за непочитување судска одлука за заштита од семејно насилство

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против 50-годишен маж од Пехчево поради сомнение за неизвршување судска одлука....