Контакт

Македонија

(Фото) Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало, хигиената и здравјето на граѓаните се приоритет, порача Герасимовски

Објавено пред

Општина Центар отстрани руиниран и напуштен објект на улицата „Петричка“ во Маџир Маало, кој со години претставуваше сериозен ризик за безбедноста и здравјето на граѓаните.

По извршената инспекциска проверка е утврдено дека станува збор за објект без сопственик, импровизирана градба која беше претворена во дива депонија, легло на глодари и други штетници. Објектот е отстранет, а теренот целосно расчистен од шутот и наталожениот отпад.

„Секаде каде што имаме надлежност, ги расчистуваме вакви критични точки. Најчесто станува збор за објекти кои со децении имаат проблем со нерасчистени имотно-правни односи. Ваквите стари и распаднати градби со тек на времето стануваат депонии, места каде се собираат бездомници и животни. Но, секогаш кога законот ни дозволува, постапуваме веднаш и решително, бидејќи безбедноста на граѓаните, хигиената и чистата и здрава животна средина се врвен приоритет“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Од Општина Центар апелираат до граѓаните да ги пријавуваат ваквите локации, со цел надлежните служби навреме да реагираат и да ги отстранат потенцијалните ризици по безбедноста, здравјето и хигиената.

Најново

Економија3 минути

(Видео) Николовски: Во ЕУ го запреа Мацура за 19 отсто, кај нас доби согласност за 100, Европа е филтер за криминал

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на надзорната расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Народната банка за...

Економија21 минута

„Алта банка“ Битола има здрав биланс, администрацијата ќе ја штити позицијата до изнаоѓање нов сопственик, рече Славески

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето...

Македонија30 минути

ВЛЕН бара истрага за трансакциите со Алта банка и поврзаноста со семејниот круг на Ахмети

Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската...

Македонија35 минути

Сиљановска-Давкова: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби...

Македонија37 минути

Пред нас се топли денови, но викендот носи пад на температурите

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува...

Економија45 минути

Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација, Народна банка реагираше навремено

Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се...

Економија50 минути

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон „Алта банка“, средствата се во Трезорот, финансиската стабилност е сигурна

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска...

Забава1 час

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија2 часа

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...