Контакт

Македонија

(Фото) Украина ѝ врачи орден од прв степен на пратеничката Славјанка Петровска

Објавено пред

Орден „Принцеза Олга“ од прв степен доби пратеничката Славјанка Петровска која вчера учествуваше на Националниот молитвен појадок на Украина, кој се одржа во Киев.

Националниот молитвен појадок претставува значаен духовен и дипломатски настан кој ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери околу напорите за мир, единство, правда и иднината на Украина.

На настанот присуствуваат високи украински претставници, меѓународни партнери, пратеници, верски лидери, припадници на вооружените сили, семејства на загинатите борци, хуманитарни и добротворни организации, како и младински лидери. Националниот молитвен појадок на Украина се одржува под покровителство на претседателот на Украина и ja продолжува традиција започната во Соединетите Американски Држави во 1953 година. Годинешното издание на Молитвениот појадок има посебно историско значење, бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина.

Во рамките на состанокот, пратеничката Славјанка Петровска оствари средба со Игор Жовква, заменик шеф на Кабинетот на претседателот на Украина.

„На средбата, Петровска ја потврди силната и недвосмислена поддршка на Република Северна Македонија за Украина и ја реафирмираше посветеноста кон напорите насочени за постигнување праведен и траен мир. Во оваа прилика, на пратеничката Славјанка Петровска и’ беше врачен орденот ‘Принцеза Олга’, прв степен, што на 4 септември 2023 година и’ го додели Претседателот на Украина, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на Украина“, соопшти Собранието.

Од таму додаваат дека учеството на Петровска на Националниот молитвен појадок на Украина претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Северна Македонија кон украинскиот народ и укранските институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет.

Најново

Спорт20 минути

Хаос на „Пољуд“ – Торцида правеше скандали, Хајдук го победи Ајакс

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на „Пољуд“ беше прекинат во финишот, откако на една од трибините гореа пиротехнички сретства. На...

Спорт29 минути

(Видео) „Покер“ на Милан во Салцбург: Хет-трик на Сисе

Фудбалерите на Милан го победија Ред Бул Салцбург како гости со од 0:4 во второто коло од Лигата на Европа....

Свет33 минути

ЕУ стравува од недостиг на гас зимава, Фон дер Лајен предлага стратешки резерви

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им предложила на лидерите на Европската Унија да разгледаат можност за создавање...

Спорт41 минута

(Видео) Црвена звезда се самоуништи во Лугано

Фудбалерите на Црвена звезда со пораз стартуваше во Конференциската лига. Вечерва во Лугано, домашниот тим го победи српскиот првак со...

Македонија48 минути

Филипче: Ветуваа правда, а никој не одговара, границата е „швајцарско сирење“

Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче,...

Свет52 минути

Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските напади врз руските нафтени рафинерии не предизвикале значителна штета, но најави дека Москва...

Македонија2 часа

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ избра нови 59 претседателки на општинските комитети, за првпат формирани и во Студеничани, Центар Жупа и Шуто Оризари

Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа редовна седница на која се дискутираше за актуелната политичка и...

Македонија2 часа

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител, Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат...

Свет2 часа

Нови проблеми за Санчез пред изборите, Изборната комисија покрена постапка против него

Шпанската Централна изборна комисија покрена дисциплинска постапка против премиерот, Педро Санчез, поради прес-конференција одржана на 6 октомври, на која најавил...