Контакт

Македонија

(Фото) Вонредни инспекциски надзори и контроли во Злокуќани

Објавено пред

Секторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници на Полициска станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во УЗ Злокуќани.

Во фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел на општината при што, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности во делот на бесправно изградени објекти и за истите започна соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности, извести Општина Карпош.

Во исто време, општинскиот комунален инспектор, во координација со службите за одржување на јавната хигиена и соодветна механизација, отстрануваа кабаст отпад од јавна површина во реонот на градската ул. Скупи како и во внатрешноста на населбата.

Во рамки на акцијата, беа опоменати повеќе физички лица и домаќинства поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота. Истовремено, инспекциските служби разговараа со жителите на Злокуќани за нивните комунални проблеми и предизвици, соопшти Општината.

Општина Карпош информира дека редовните инспекциски контроли продолжуваат секојдневно, а заедничките акции на Секторот Инспекторат со полициските службеници ќе бидат засилени и во наредниот период, со цел воспоставување поголема контрола и одржување на јавниот ред, чистотата и законитоста во УЗ Злокуќани.

Најново

Црна хроника2 минути

Пет малолетни деца живееле без основни услови во дом во Велес, МВР соопшти дека родителите се лишени од слобода

На 7 август во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната...

Црна хроника5 минути

38-годишен штипјанец пронајден починат во својот дом

Вчера во полицијата било пријавено дека во домот бил пронајден починат А.П.(38) од Штип. Лекар од Итната медицинска помош констатирал...

Регион14 минути

Со виљушкар спасувал патници од возот во Хрватска: „Тоа беше моја граѓанска должност“

Во 10:05 часот меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци, се случил судир на товарен воз на...

Регион21 минута

(Видео) Судир на патнички и товарен воз во Хрватска, 20 лица повредени – шестмина потешко

Два воза се судрија утрово во Хрватска, меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци. Во судирот учествувале...

Македонија34 минути

(Видео) СДСМ бара мораториум за нови комерцијални дата центри, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Националниот дата центар е во корист на граѓаните

СДСМ побара мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода, оценувајќи дека во...

Регион1 час

Вучиќ: Не верувам дека војната во Украина брзо ќе заврши, не разговаравме со Зеленски за воена соработка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не верува оти војната во Украина брзо ќе заврши. Одговарајќи на новинарски прашања...

Спорт1 час

Пропадна траснферот на Аслани во Лајпциг

Трансферот на Фисник Аслани од Хофенхајм во РБ Лајпциг, кој изгледаше како завршена работа, беше откажан во последен момент. Иако...

Спорт1 час

Чоло Симеоне го според Алварез со Гризман

Тренерот Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го потврди ставот на клубот за иднината на Хулијан Алварез, ставајќи крај на шпекулациите за...

Регион1 час

Вучиќ и Зеленски во Белград: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина

Претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, се обратија пред медиумите по средбите во Палатата Србија во...