Контакт

Македонија

(Фото) Запуштен простор во Бутел прераснува во модерен мега парк – увид во градежните активности извршија градоначалниците на Скопје и Бутел

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, извршија увид во градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на локација која со децении беше запуштена и претставуваше симбол на негрижа и неискористен потенцијал.

Станува збор за капитален проект со кој некогашната депонија и запуштен простор ќе се трансформираат во современ зелен центар наменет за сите генерации граѓани.

Новиот парк ќе се простира на површина од 8.000 квадратни метри и ќе содржи богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес-зони и други содржини за рекреација и одмор.

При увидот беше истакнато дека парковите претставуваат значајна инвестиција во подобрување на квалитетот на животот, почистата животна средина и создавањето на нови јавни простори за дружење и рекреација на граѓаните.

Проектот е дел од програмата за изградба на четири мега паркови на територијата на градот Скопје. Паралелно со овие проекти, предвидена е и реализација на околу 50 помали паркови во сите скопски општини, од кои дел веќе се во фаза на изградба.

Градоначалниците Ѓорѓиевски и Костовски нагласија дека развојот на зелената инфраструктура останува еден од приоритетите во нивното работење, со цел обезбедување поквалитетни услови за живот за сите граѓани.

Со реализацијата на овој проект, Општина Бутел добива нова зелена оаза, а Скопје уште еден модерен јавен простор кој ќе придонесе за поздрава и поквалитетна урбана средина.

Најново

Свет3 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет3 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет3 часа

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет4 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...

Свет5 часа

Трамп на годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме

Американскиот претседател Доналд Трамп на комеморацијата во Пентагон порача дека САД никогаш нема да ги заборават терористичките напади од 11...

Македонија5 часа

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата....

Забава5 часа

Сандра Булок и Џенифер Анистон денес се најдобри пријателки, а некогаш биле во врска со ист маж

Сандра Булок (62) и Џенифер Анистон (57) денес се блиски пријателки, но ги поврзува и интересен детаљ од љубовното минато...

Македонија5 часа

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ, доколку во Собранието има такво...

Забава6 часа

Парите им се лизгаат од раце: четири хороскопски знаци кои обожаваат да трошат

Според астролошките толкувања, четири хороскопски знаци особено тешко му одолеваат на трошењето пари, но секој од нив има различни слабости....