Контакт

Македонија

Гасниот интерконектор со Грција напредува според планот: завршувањето се очекува следната година, велат од Министерство за енергетика

Објавено пред

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција – еден од најзначајните енергетски инфраструктурни проекти за државата и регионот, извести Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

На работните средби одржани во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на кои присуствуваа министерката Сања Божиновска, извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, и главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, беа разгледани тековните активности за изградба на интерконекторот на двете страни од границата, како и динамиката за реализација на договорните обврски.

Во фокусот на разговорите беше потврдената заедничка определба проектот да се реализира во согласност со утврдените рокови, преку интензивна координација меѓу институциите и операторите, со цел да се обезбеди нов, сигурен и диверзифициран пристап до природен гас за Македонија.

На средбите беше потврдена заедничката оценка дека гасоводниот интерконектор ќе биде завршен во текот на наредната година, во согласност со утврдените рокови и планови за реализација.

На средбата меѓу министерката Божиновска и главната извршна директорка на ДЕСФА, посебен акцент беше ставен и на регионалната иницијатива „Вертикален гасен коридор“, која претставува значајна можност за унапредување на енергетската поврзаност, зајакнување на сигурноста во снабдувањето и интеграција на националните пазари во пошироките европски енергетски текови, информира Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

„Гасоводниот интерконектор со Грција е стратешки проект кој директно ја зајакнува енергетската безбедност на државата и отвора нови можности за диверзификација на снабдувањето. Нашата цел е Македонија да обезбеди стабилен пристап до различни извори и правци на енергија, а ваквите инфраструктурни поврзувања се клучни за поголема независност, конкурентност и отпорност на енергетскиот систем“, истакна министерката Сања Божиновска.

Извршниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, нагласи дека успешната реализација на проектот бара континуирана координација и партнерство меѓу сите вклучени страни, додека главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, ја потврди посветеноста на грчкиот оператор за навремена и успешна реализација на интерконекторот.

Гасоводниот интерконектор со Грција претставува клучна инвестиција во енергетската иднина на Македонија. Со неговата реализација, државата ќе обезбеди пристап до нови извори на природен гас, ќе ја зајакне сопствената енергетска сигурност и ќе го унапреди своето позиционирање во регионалната и европската енергетска инфраструктура, се додава во соопштението на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Најново

Свет20 минути

(Фото/видео) Еден од најголемите украински стадиони погоден во руски напад

Во денешниот руски напад врз Одеса, стадионот на „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб,...

Македонија50 минути

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија52 минути

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...

Култура1 час

Три македонски филмови се снимаат летово, четвртиот почнува на крајот на август

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот...

Македонија2 часа

Македонец во Кушадаси сериозно ги повредил вратните пршлени, со владиниот авион ќе биде пренесен во Скопје

Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој...

Забава2 часа

Нутриционисти ги откриваат најдобрите ужинки за деца

Кога децата ќе огладнат помеѓу оброците, родителите често посегнуваат по колачиња или чипс. Сепак, нутриционистите советуваат дека ужинката треба да...

Култура2 часа

„Лабораториум“ го почнува проектот „Лифт“ со бесплатни музички работилници за теремин

Културниот и едукативен центар ЛАБОРАТОРИУМ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика...

Свет3 часа

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид...

Македонија3 часа

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи...